Моментално имам мешаница во главава, за што служи маската за коса, за што регенераторот а за што балзамот? Што и прават на косата? Ја омекнуваат, рашчешлуваат... и што е најдобро да се користи
^ Регенераторот или балзамот ја омекнува косата и полесно може да се рашчешла нема да биде исплеткана Маската длабински го храни влакното на косата,се препорачува повеќе за оштетена фарбана коса. Во кратки црти тоа им е намената.
Се согласувам со Puflice, и јас ја користам маската на Gliss, само жолтата, и сметам дека е најдобра. Плус не е ни скапа - 250 ден.
мене фризерот ми ја става црвената од шварсцкоф за професионлана нега,и убаво ја омекнува косата.моментално сум во охрид па ако знае некој кај да ја најдам нека пише,тука нема мислам космо, таму сигурно ја има
Одговорно тврдам дека нема подобра маска за коса од оваа. А, имам пробано секакви други. Мислам дека ја нема во слободна продажба, јас ја купувам откај фризерката моја. Огромна е - 1000мл, јас ја плаќам 400ден. За квалитетот стварно е многу ефтина.
денес ја купив маскава за коса со лененово масло, сеуште не сум ја пробала, ја купив за минимална цена, дури и смешна. незнам дали е добра, дали некоја од вас ја има користено и како ви се допаѓа?
Убаво ја омекнува косата и и дава влажност. Само мене како брзо да ми е засити косата од неа.Како и да е при крај е
Користив регениратор од 100 ден убав беше и убаво мирисаше сега ми се истроши а сега косата ми е многу сува и разлетена ај ве молам дајте ми некој предлог за маска или регениратор за сува оштетена коса
Веќе некое време не ставав маска за коса, и забележав дека неможам да ја изчешлам Која од овие на Генера би ми ја препорачале? Имам сува коса. Спојлер Само портокаловата ја имам користено
А колку пати неделно се нанесува маска? Јас уствари и не знам колку треба, дали ставам често или ретко..
Јa има во слободна продажба, но не секаде, јас случајно ја затекнав во една продавница за фризерска опрема во Бисер, на кат, баш газдарицата беше и ми кажа дека често ја има и многу се троши, инаку ја држи по цена од 300 денари. Треба да се разгледаат и овие продавници има многу убав избор на козметика за коса.
А има ли некоја маска за зајакнување(задебелување) на влакното?Имам тенко влакно,а планирам и да се фарбам.До сега се немам фарбано и затоа незнам дали ќе ми се истенчи повеќе влакното,ама мислам дека да.Сакам плава да се фарбам,а тоа сепак со појаки хидрогени.