Незнам за друго место, но треба да се поминат сите оние продавници за фризерска опрема, тие имаат сигурно голем избор на маски, јас знам само за оваа продавница во Бисер, на кат, Анико мислам се вика, баш пред одморите случајно влегов и ја здогледав маската, цената и беше 300-350 денари баш во себе си помислив на вас што купувате преку фризерки, колку скапо ви ги наплатуваат, неможев да се изначудам, сега незнам дали ја има и колку чини сепак цените преку ноќ ги креваат.
Јас денес си направив домашна маска, косава сега ми е преубава, когаш не ми имава лавков сјај. Ставив едно јајце изматено, млеко, мед и бадемово масло, го држев околу час и половина. Навистина пробајте, само позитивен ефект ќе имате. Јас ставив од пола коса, за да не ми ја измрси и така ми се мрси брзо..
Maska za kosa koristam od avon od planet spa i premnogu se ubavi. Inaku ja upotrebuvam ednas do dva pati nedelno
Ја користам веќе 3 - 4 години , и искрено задоволна сум, многу лесно се расчешлува косата ( дури веднаш после миење со еден потег со четка , нема гајле ) , и ми ја прави мека
Незнам што толку ги фалите маските на генера,мене не ми се ништо посебно.Се приметува разлика со и бе маска ама сепак не ми се нешто ни мирис некој убав немаат.. Се мислам на елсев да ги пробам,знам дека се поскапи ама една би си дозволила колку за проба.И тек сега читам по колку пати неделно ставате маска за коса? -па јас на секое миење не сум знаела дека не треба толку често....
Јас ја имам користено баш оваа,т.е. сеуште ја користам.Убава е,мислам после миење се приметува разлика дека си ставила мсака и полесно ќе ја расчешлаш косата.Но јас би ја сменила не ми е тоа тоа.Нема некој преубав мирис па и да држи 2/3 дена .Косата не е значително помека,за цената е ок во секој случај.Јас би ја ставила во купот на генера мсаки кои до сега ги имам користено ама го немам оној WOW ефект што сакам да го имам.За мојата коса сум во потрага по нешто друго...
Лелеее овие кога ги видов во маркет уште кога почнав да користам маски ми заличеа како паста за перење теписи жими се. Дури подоцна прочитав дека е маска за коса ептен дека беше во редот за маски за коса.И баш поради изгледот,пакувањето абе за никаде ,не ги купив.Искуство сподели ајт
Си ја купив оваа Генера, иста е како предходната од кокос..само мирисот е различен но сепак е пријатен. Дефинитивно косата со Генера полесно се разчешлува :up: Во Зегин видов една маска се викаше Forever Blonde од маслинки прв пат ја среќавам маскава, но ми се допадна дека е од маслинки. Ја има некој користено? Неможев да најдам слика.
Вчера ја земав маскава од ленено семе и веднаш ја пробав. Сега за сега сум ептен пријатно изненадена, косата има убав сјај и лесно се расчешлува. Чини само 125 денари - 250 мл. Исто така и кристалите на hair care ги купив, на акција се во Зегин (целата колекција на hair care) и од нив сум задоволна.
Каде во Штип би можела да најдам од маските Шери ? Сакам таква да си земам. Ако не, да си нарачам откај фризерката моја, чинам ги имав забележано кај неа. И ако некоја ја користела жолтата маска на Глис, нека сподели искуство - се мислам и за неа, и онака го имам и истиот спреј, па комплет да ми дојдат.
Мене оваа ми е супер! Не е многу скапа, 270-80 денари е, не ми текнува баш (побарајте ја во Зегин прво,таму е све поефтино за 20-30 денари од Веро-меро). 3 минути се остава на глава и после стварно е поубава косата. Не делува толку изгорено, свиленкаста и лесна за чешлање.
^^^И јас баш за таа хоби сакав да прашам, прееска продавачката ми ја испофали ама не си земав. Ајде ако ја пофалите ќе ја пробам. Инаку последно користев една од авон со некој путер за обновување(демек) и фина беше, па уште малку имам и си барам нова Еве ја
Јас ја користам оваа од Лореал и сум многу задоволна. Косата лесно ми се расчешлува, а пред тоа морав да користам дополнително и спреј за расчешлување и ми ја прави мека и свиленкаста на допир.А и убаво мириса. Како и да е, засега ми е добра, а за понатаму ќе видам, сакам да ја пробам таа на Hair care гледам ја испофаливте.