Не си погрешила, маската е одлична! Јас пред скоро почнав и второ кутивче од истава. Еве моментално малку паузирам со маската, ставам регенератор, ама разликата се гледа - маската дава поубав ефект. Или мене така ми се чини, зашто се заљубив во маската. А за мирисот - не коментирам. Само мана е, што не се задржува подолго. Барем така е кај мене.
Какви се тие маски HAIR CARE? Сега видов реклама во космо одат една + една гратис за 200 и нешто Мислам дека беше ваква Па мислење за масава?
Едно прашање. Пред некој ден по грешка од брзање сум зела маска за фарбана коса и дури сега ја гледам. Дали ќе е штетно за косава (што никогаш не сум ја фарбала) и дали ќе биде ефективна да ја користам или да ја вратам? Само не верувам дека ќе ми ја примат зашто беше пред неколку дена а не знам каде ми е фискалната. Ќе има некоја штета за косава да ја користам или да купам нова?
сите маски сум ги пробала ама за сува и оштетена коса оваа ми е NO.1 и ја пробав маската алверде од дм тука се некаде ама мислам дека италијанската е подобра не ми го двои влакното убаво ми ја обликува косата на оваа си останувам не мењавам дефинитивно
ниедна маска не е штетна за косата немај гајле слободно користи си ја ги има сите состојки како и другите маски само додатни состојки за да ја одржуваат фарбаната коса ништо друго све си е исто
Девојки дали знаете и можете да ми препорачате некоја маска од оние за една употреба што ја осветлуваат косата?
Која маска ја препорачувате за сува коса? Косата почнува да ми станува сува и дефинитивно и треба потхранување.
а која е за оштетена пошто има со црвено капаче, жолто ? Иначе многу ми ја фалат маската на GENERA зелената, ја користи некој? Спојлер еве оваа
Знае ли некој некоја маска за сува коса ? Навистина ми е премногу сува и многу брзо ми се плетка. Само што ќе ја исчешлам после 5 мин пак ми е сплеткана и пак треба да ја расчешлувам.
Најубавото нешто што и го подарив на мојата коса дефинитивно ! Топло ви ја препорачувам ..набрзински оваа слика успеав да ја најдам http://www.shampoo.ch/WebRoot/Store/Sho ... masque.png
Maschera Capelli Rigenerante OLIO DI COCCO од Genera Ја истрошив маската што редовно ја користам па оваа случајно ми се најде низ дома. Се става на мокра коса, треба да стои 10-15 минути иако максимум ја држам на коса до 5 минути. Дава волумен на косата, спречува влакното да се наелектризира и штити од неповолни временски услови (не звучев како Хајди Клум во реклама на Шварцкопф, нели? ).
Мислам дека беше 1000 денари. Ја нема рандом во продажба туку само во елитни фризерници. Мене ми ја препорача мојата чудо од фризерка, во 501 во Скопје ја купив во пакет со маслото за коса од истата марка, мислам дека беше тоа 1500 денари. Преубави се, многу убаво мирисаат и ја прават свиленкаста косата, со посебен сјај... Има еден рецепт, сооднос од маската и маслото и тоа така се држи во врел мокар пешкир. после тоа, се плакне и voila Јас сум луда по препарати за коса, имам цела гарда во плакар и за тоа не жалам пари
Од маските на Генера која маска за каква коса е? и која е најдобра? А да, и од прилика која цена се? Фала ви многу.