ќе побараш маска за фарбана коса,би требало колку-толку да ти помогни во расчешлувањето.Само каква маска е најкорисна ни самата не знам да ти препорачам Пробај и со регенератор или балзам, и силиконски капки,и тие помагаат во расчешлувањето...(особено балзамот) А во меѓувреме користи и Б-ампули,растворени во шампон за да ти се поттикни растот на косата(барем така овде на форумот тврдат,лично јас немам испробано,но вреди да се проба)
na garnier maskata jas ja koristam i bas e dobra, moze i na nivea maskata za farbana kosa ili tie od avon.easyyyyy a kade gi ima tie b - ampuli za kosa?
Гарниер моментално користам и да кажам дека сум презадоволна.Сум пробувала и други демек да сменам малку ама не ми пријат како оваа.
во аптека...мислам дека се 50-тина денари... еве овде прочитај kosa/kako-pobrzo-da-mi-raste-kosata-t406/
Баш пред малку ги видов ампулите во Јуник. Околу 70денари се и ги има различни, стварно има избор. Прочитав против опаѓање на коса, за сјај, за поцврсто влакно, за испукани врвови....за 300 глупости има. Ако некој бара за било што, нека провери Инаку има некој искуство со маскава? јас на dove ја користев ама решив да сменам, па се мислев и ја зедов оваа водејќи се според цена, беше една од поскапите ама искрено маркава прв пат ја среќавам
Портокаловата ја користам со години и супер ми е и долго ми трае,убаво мириса и ми ја прави косата лесна за чешлање.Малку се заситив од мирисот дека цело време ја користам,па може ќе сменам наскоро
И јас долго време ги користам на џенера маските но не ми се свиѓаат во последно време не се како порано ќе ја сменам овој пат дефинитивно
jarec6, izvini ama sakav da te prasam: dali od maskive kosata ne vi se naelektriziruva i razletuva? zs jas imam takov probelm i sakav da probam so maskive, no prvo da prasam za sovet, da ne utnam neso..
Повремено си правам домашни маски за коса,како маслиново,чичково масло во комбинација со мед,некогаш лимон.Но "секојдневното" миење на коса,стандард си ставам Генера од таа зелената,пробав неколку пати ја сменив,со Нивеа,Гарниер и др. (не ми текнуваат) и ниедна маска го немала тој ефект како Генерата.Косата е помека,полесно се расчешлува,прекрасно мириса и за ништо на светов не би ја менувала.А цената е одлична...само 120 денари
Напротив,мене косата ми беше целата наелектризирана и ми леташе на сите страни пред да ги откријам маскиве на Генера. Јас ја користам таа со црвено капаче,многу е ефикасна,косата ми стои на место цело време и воопшто не ми се разлетува.Многу ефтина,а супер маска е.Од срце ти ја препорачувам. *ПС во иднина те молам пишувај на кирилица.
Па сите се за посебен тип коса.Една за мрсна,за сува,и за нормална.Пишува од позади на упатството за каква коса е.
знам дека се за посебен тип на коса,ама мислев некој да не знае точно која маска за каква коса е п.с мислам дека црвената е за бојадисана коса
Јас ја користам таа со црвеното капаче скоро 1 год и мн е убава а и убаво мириса, но сакам да сменам некоја друга маска.Ја прасав една моја другарка која маска ја користи и ми рече дека некоја од DOVE користела, и кога и ја пипнав косата мн и беше убава и мека камо и мојата да беше таква
Мене па од Генерата многу ми паѓа косата. Цела топка вадам од четката. Сега си земав една друга orzene со пиво и ептен е добра. Малку е поскапа од генера, 120 ден. а шишенцето е 200 мл. Ама па далеку подобра ми е.
Денеска во продавница ја забележава маската од GENERA и навистина ме збуни цената.Толкава количина за 99 денари Но ако е фалите како што кажувате би ја пробала,зошто да не