Од Кичево е земена од некој маркет.Иначе имало уште некоја со зелено капаче од маслинки мислам дека била
Јас дури денес ја пробав маскава и морам да ви кажам дека е преубава косата ја прави мека а и преубаво мириса
Jas goo koristam shamponot, maskata i regenetatorot predavovolna sum. Posle sekoe mienje naizmenichno stavam ednash maska sleden pat regenerator
^ Јас ја користев пред да се префрлам на Орзен. Прекрасна е маската, јас ја нанесував само на врвовите и убаво ми ја омекнуваше косата при фенирање. Исто мирисот е доста интензивен и го чувствував речиси до наредното миење, што е реткост кај мојава коса.
Знам дека преубаво мириса но колку сте задоволни? Дали ви е прави косата мека,вака така? Некој да споделит убо искуство
мене обично многу коса ми паѓа од маските, ама оваа беше супер, и ми ја сплеска малку косата(зашто имам многу густа бушава коса),задоволна сум и мека ми беше косата, ама неможам да ја најдам пак, да не знае некој каде ја има?
од оваа маска нема подобра, јас ја имам и веќе цела година ја користам оваа. незаменлива е, пробајте ја и нема да се покаете. позз
одам да си купам маска од hair care таа црната со портокалово капаче во зегин ја има и глеам ја поскапиле 162 ми ја наплати а беше 120 цццц
Имам надградба на коса, и за тоа треба мнооогу одржување. Ја користам од Genera со оризово масло и шеа и сум презадоволна а и + ми трае дооооолго време а е многу ефтина и ефикасна. Надградбата ми ја прави многу мека и прелесна за чешлање.
феминки, колку често ставате маска за коса? јас на 10 дена/ 2 недели и некако се мислам да не е многу често...
^^ Ставам маска еднаш неделно, косата брзо ми се масти, и сметам дека е подобро на неделна база да се користи маска, инаку ставам регенератор на секое миење. Сакам почесто да ставам домашни маски, но немам мн време и незнам многу рецепти за домашни маски. Инаку да ми предложите некоја маска од кокос, јас не можам да најдам.
Имаш од Genera од кокос, 500мл е, а најскапо што можеш да ја најдеш е 120 денари, џабе. Јас ги користам од Genera и сум презадоволна за тие пари + содржи вистинско кокосово масло во неа (си пишува) а не како некои само арома, парфем и сл. Моментално ја користам од оризово масло и шеа путер. Ги има од: кокос (портокалова амбалажа), оризово масло и шеа путер (црвена), и од билки (зелена).