девојки еве една домашна маска Жените кои често ја третираат својата коса со фризура, фарбање и слично најчесто имаат сува и оштетена коса. Токму тие жени треба да прават почесто пакувања за косата така што ќе и го вратат сјајот. Ова е една маска која дава одлични резултати. Потребна ви е една жолчка, една лажица кокосово масло и една лажица маслиново масло. Жените кои имаат подолга коса нека направат маска со дупла доза. Ставете ја маската од врвот кон коренот. Убаво истријте и оставете нека делува половина час. Потоа измијте ја косата и прелијте ја со еден литар вода во кој ставивте една лажица мед. сакав да ве прашам дали некој ја има користено и како делува?
Јас ја имам правено место со кокос, со оцет. Супер е. Пробај, ништо не губиш. Само можеш да добиеш поубава коса.
ја Читам темава и на крај незнам која маска е за мојава коса малце бусава,Често проблеми со врвовите,па убаво да се Чесла а и ако има некоја некој ефект за раст или сјајна коса???
девојки Kако ја нанесувате маската вие? денес добив една Oд глис,пишува после миеење Nа косата се става од маската 1минутка и се мие косата?..
^ Најчесто маска се нанесува само на косата бидејќи ја потхранува. Доколку се нанесе на скалпот (што е исклучиво непрепорачливо), оние кои имаат мрсна кожа и коса, ќе имаат уште поголем проблем доколку ја нанесат на скалпот. За оние маски кои се наменети за нанесување на скалпот, си пишува во објаснувањето дека се употребуваат и на тој начин. Доколку не е нагласено, стави ја само на косата.
фала мојата пишува само на косата се става,не пишува дали на Sкалпот преубава е маскава од глис таа жOлтата,косата ми E мека и Uбаво се чешла се Nадевам и врвовите Kе се средат,бидејки и за тоа е наменета
За локни лубрикант. Да, таков. Стискај во зависност од должина на косата, до рамена коса отприлика пола лажиче за кафе е доста, размачкај меѓу дланките и помини по косата, на влажна коса после миење и мотање во крпа, па исчешлај ја за да се разнесе убаво насекаде. Остави да се исуши косата природно, или нанеси го пред спиење, крпа на перница и слатки сништа, ако немаш страв од спиење со мокра глава.
Досега имам доста маски за коса пробано,но највеќе ми одговара оваа на нивеа. Мои другарки ги фалат на балеа производите за коса,доколку некој знаеш нешто повеќе за ова нека пише
јас сакам да си направам некоја домашна маска за коса, гледам по интернетов има доста интересни со путер од кокос (сакам скрос природна да биде) па да не знае некој каде би можела да купам кај нас путер од кокос? на една страна каде имаше опишано постапка за домашен антиперспирант рол он (и тој се правеше со путер од кокос) пишуваше дека го имало во секоја продавница за здрава храна, ама јас прашав во 2 во Прилеп денес и го нема путеров :/ Некоја идеја? Во аптека би можело да има такво чудо?
Ја купив со мислење дека нова е (барем така пишуваше)и дека е 300 мл за разлика од другите на schwarzkoph кои се по 250 мл.И супер е,после неколку миења кога ја загледав забележав дека е уствари со сличен состав како спрејот за коса од кој исто сум задоволна многу.
Јас оваа ја користам, не на секое миење затоа што приметив дека има лош ефект, станува косата премногу мрсна, дури и ако добро се сеќавам пишува и на неа дека е само за два до три пати во неделата. Како и да е мене ми е супер. Оваа е за најоштетена коса, мене може да се каже дека не ми е оштетена ама тогаш се мислев па си ја земав оваа. Мене ми е виткана косата ама маскава супер ми влијае, ми ја прави мека, лесно се чешла, а и убаво ми мириса. А и има многу количински и не се троши брзо. Јас ја имам веќе може 5 месеци, а само до пола ми е потрошена.