и јас ја користам оваа, ептен ми е убава, косата лесно ми се расчешлува, станува мека и плус мн убаво ми мириса али еден кикс сум правела веќе подолго време , наместо само на врвовите јас на цела коса ставав маска
da ja ima i kaj nas makadamija , poslem tolku vreme baranje ja donele. Koga ja vidov odma si ja zemav , prezadovolna sum , nema na kogo ne sum im pokazala da idam da si kupat i da ne se zadovolni. maskata od 250ml ja kupiv 1244 denari , a mnogu trae ja koristime jas i sestra mi skoro 3 meseci i uste imame od nea.
Па вака, мојата коса е не многу ретка, со средна густина, со подебели влакна, расцверани (изгорени) врвови, се масти за од прилика 4-5 дена и не е сува воопшто. Така да мислам дека ми треба некоја маска за расцветани врвови, ако може да ми препорачате некоја маска. Фала од напред
Фала многу. Не планирав да се замарам со правење домашни маски (малку сум несмасна) , ама ова стварно ми се допадна. Ќе пробам.
Ја пробав најновата маска од колекцијата на Лореал и мислам дека е убедливо најдобра од сите маски што досега сум ги користела од Лореал. Ја препорачувам на сите оние што (како мене) имаат екстремно сува коса.
имам само 15 години и за прв пат сакам да користам маска.. мојата коса е многу бујна, испрекршена и разлетана дали има некоја маска што би ја смирило но не многу скапа дали маската и маслото за коса може да се нанесуваат одеднаш? само по врвовите ли се нанесува маската? колку време треба да отстои маската и дали после миењето треба да ја фенирам или нешто сл.? Се надевам некој ке ми одговори.. се извинувам што вака досагам но не сум запознаена со ова..
и јас имам 15 и користам маска за коса од Genera, мене ми е многу убава и на косата ми стои само 15 мин
По преглед на целата тема,се одлучив да ја купам маската на HAIR CARE со ленено семе. Уште утре ќе ја купам во Космо. Се надевам ќе и помогне на мојата сува и оштетена коса. Барем вие девојки, ја пофаливте..
моментално оваа. Не е лоша. Имам пробано многу маски, ама никако да погодам за оваа моја сува, густа коса. Не е таква после миење како што сакам. Е домашните маски се стварно подобри, ама се нема секогаш време за спремање.
Малку доцна, но доколку се уште си заинтересирана маска за коса со пантенол има на Doctor's со црвено капаче, ја купив од супер маркет, би требало да ја има во сите добро снабдени маркети и таму... инаку маската пишува дека е против опаѓање на коса. Јас ја купив, си ставив еднаш и ја заборавив, баш сега ќе почнам да ја користам како што треба
Купив маска за коса со серум но бидејки користам прб пат ваква маска и серум не ми е јасно како да ги нанесам, пред да ставам шампон или прво маската па после со шампон и серумот се одмива ли или не? Може ли некоја да ми објасни? Инаку маската е трета на сликава подолу
KOJA E НАЈДОБРА МАСКА ЗА КОСА СО КОЈА СЕ РАСЧЕШЛУВА ПОЛЕСНО КОСАТА ЗАТОА ШТО ИМАМ ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ СО ТОА
Моментално ја користам оваа маска и сум презадоволна, косата ми е мека после миењето и што е најбитно лесно се расчешлува и не се плетка отпосле, лесно ми минуваат прстите низ косата... Ма, исто како на оние од рекламите