И јас планирам оваа да ја купам Од шампонот сум презадоволна втор пат како го купувам , баш ќе ја пробам и маската па ќе пишам како сум задоволна
поголем љубител сум на домашно приготвени производи така и маските за коса ги правам сама и дома бидејќи купените само ми ја спласнуваат косата Мешам бадемово масло, половина филџан со една кафена лажица лимон, една лажица мед, АД капки смесата ја загревам ја нанесувам на малку намокрена коса да стои 1 час, но почесто и преспивам со најлон на косата, и сабајлето ја измивам Преубав ефект има и за сјај и за раст, и за нега на врвовите
Колку често си правиш ваква маска? Јас некаде имам прочитано дека е доволно еднаш месечно да се нанесува само бадемово масло на косата, од коренот кон врвовите и да се втрие во скалпот. И што се оние АД капки? Би сакала да ја пробам оваа маска
Пробај, ти ветувам дека ќе се заљубиш Па последно ја правев да, пред еден месец, сега моментално си ја нанесив и пред една недела исто .... Нешто сум се фрлила на косава
сум утнала тоа капките се маслен раствор од витамин а и д се купува во аптека по цена од 100/120 ден, ставаш околу 10 капки Доколку сакаш да ти расте косата побрзо, прависи ја слободно еднаш неделно, ниедна состојка не е штетна, само корист можеш да имаш
Не знам веќе во која тема ги немам пофалено. Станува збор за Lorys Hair Cream. Голема штета што ги нема тука. Ги има низ соседните држави, останува да се надевам дека некогаш ќе ги донесат и тука. Сите се прекрасни. Спојлер http://www.sther.com.br/english/brands.asp?categ=1&subcateg=6
Моменталната. Задоволна сум, ама сакам да си менувам. Јас такви работи како шампон, маски за коси, гелови за туширање, немам навика да купувам исти цело време, мерак ми е да менувам.
Девојки да ве известам дека маските на Gliss се до 11ти мислам, во тинекс на попуст по цена од 165 денари
Малку глупаво прашање, ама имаат ли Palette маски за коса во кутии како оние мали кесички што стојат во фарбите?
Дали имате користено некоја маска за виткана коса и дали ви се дефинираа подобро локните? Мојата е некаде виткана некаде брановидна па би сакала да пробам ваква ако подобро излегуваат локните.
Зависи како пишува на упатството на неа. Обично после шампонирање косата ја цедам, малку ја забришувам со крпа па нанесувам маска по должината на косата. Се плакне по 3-5 минути.
Ја има ли уште оваа маска некаде? Предобра ми е за мојата сува коса,ама ја барав по маркетите и по аптеки не можам да ја најдам..