Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маски за коса

Дискусија во 'Коса' започната од easyyyyy, 15 април 2011.

  1. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    29
    Девојкиии што мислите која е подобра маска за сува,фарбана, руса коса, жолтата или црната од ГЛИС, и дали има некоја разлика во црната, пошто ја најдов, ама само Gliss пишуваше на неа, без тоа KUR ^^...и се предомислив незнам дали се работи за истата :/
     
  2. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Јас од двете само црната ја имам пробано и добра е за оштетена коса, наменета е за многу оштетена и сува коса, не дека прави чуда, ама за тие пари добро си ја врши работата така да ти ја препорачувам.

    Абе земи си со KUR, шо ќе ти е без KUR :wasntme: :rofl:
     
    На cocoa28, mimiiiii, simoncelicius и 3 други им се допаѓа ова.
  3. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    29
    И ќе си земам да знаеш ! :rofl: :rofl: :rofl: хихихих него шала на страна дали знае некој, има ли некоја врска ако е без тоа :?:
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.960
    Допаѓања:
    81.294
    Пол:
    Женски
    Тоа „кур“ на Германски означува лек, опоравување на нешто (случајно или не, не знам :D ) и аналогно на тоа, ако имаш оштетена коса на која и` треба добар третман за опоравување, ќе си бараш од овие. Тоа е целата филозофија на зборов. :)
     
  5. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Ме изнасмеавте девојки :rofl:

    Он топик, тоа kur не го пишува на некои производи затоа што на македонски значи тоа што значи :lol: Ова е дел од интеркултуролошка комуникација, ако некој производ во своето име содржи збор што на јазикот во државата во којашто се увезува има вулгарно или навредливо значење, тој збор се испушта или се заменува со нов. Во случајов, кај нас стигнале и такви и такви маски, и „цензурирани“, и оние од увезувачи кои не се грижеле толку за значењето на kur на македонски. Имам гледано и вакви и такви, значи истовремено се носат и овие со kur и тие без него :talk: Заклучок - исти се и земи ја која сакаш :)
     
  6. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    29
    Значи може и без kur :D Ок тогаш да не му ја мислам одма ја зимам хихихии
    Фала ти најмногу :*
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dejana2

    dejana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    38
    [​IMG]

    Може да се каже дека сум лореал фан :D често купувам нивни производи и секогаш се покажале одлични. Со маскава total reapir ekstreme косата ми е многу мека, смирена, изгледа здраво, без разлетани влакна и кога не ја сушам со фен плус убаво мириса.

    Моментално маскава еднаш неделно ја користам и лошата страна и е што мојата коса еднаш ја поднесува еднаш не. Косата не ми е кој знае колку густа, имам тенко влакно и со маскава ептен ми се сплеснува, волумен немам воопшто :?:
    Не ја препорачувам воопшто за оние со коса како мојата, ќе морам да ја сменам.
     
  8. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    8.062
    Пол:
    Женски
    Прв пат ја користам оваа маска, но многу сум задоволна. Косата ја прави мека и сјајна. Сега пак си ја порачав, иако повеќе користам домашни маски.
    [​IMG]
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Девојки да не престанале да се произведуваат маските за коса Генера? Ги барам по маркетиве низ градов,во никој ги нема... :?: :?:
    Ги имате сретнато некаде сега побрзо?
     
  10. Dakota

    Dakota Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    Јас денес си ја купив Хоби маската без никаква препорака онака сакав да сменам се мислев помеѓу кокос и таа од лук и ја зедов од лук и сега си ја измив косата и убава ми е мека и некако убаво ми се испегла, тоа е моето првично милење за понатака ќе видиме :rofl:
     
  11. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Ме интересира дали некој ја има користено оваа маска и дали сте задоволни?
     

    Прикачени фајлови:

    • download.jpg
      download.jpg
      Големина на фајлот:
      5,8 KB
      Прегледи:
      631
  12. WinX13

    WinX13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    13
    женски, дали некој ја има пробано маската за коса од oriflame, hairX со арганово масло? И шампонот и регенераторот исто... (па и маслото :D само тоа го прашав и во друга тема :$ )
     
  13. ciganka

    ciganka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    12
    јас ја користам и сум задоволна до сега ја немам сменето
     
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Леле луѓенца јас колку сум шуте-мате целата...бев на фризер после 2 години! :fubar:
    И ми вели оштетена ти е косата(па разбира се 8) )и ете ко ми ја средуваше таму косиштето,ми вели да користам маска за коса оти многу ми била оштетена...јас ко некоја удрена први пут у животу чујем,мислам шта да ти причам кад ништо не знам.. :?: ајт се решив сега да удрам на гугл шо е сега то..ми излезе едно на Фемина домашно производство на маска за коса.Јас ако земам дома да напрам ама каква маска,помија за свињите ќе направам! :wasntme: И еве си ја најдов темава,па да ве прашам за предлог-совет која маска за коса да ја користам оти косата многу ми е оштетена...? :^)
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.587
    Допаѓања:
    106.390
    Пол:
    Женски

    Па да ти кажам,јас не сум користела домашни маски за коса, не сум правела до сега, прочитај поназад на темава можеби некоја феминка правела маска,инаку моја другарка задоволна е од маскава на глис [​IMG] баш оваа е за расцветани врвови, ако сакаш можеш да ја пробаш, сега незнам стварно колку би помогнале маскиве стварно за расцветани врвови, може да помогнат тожку да не ти се расцветува косата а веќе ако ги имаш само на фризер скратување. Јас би ти предложила да одиш почесто на фризер барем на 3-4 месеца ,а и пробај ја маскава па може ќе бидеш задоволна. Јас лично ја користам оваа и сум задоволна барем косата ми е мекана, има некој убав сјај :) [​IMG]
     
  16. The.king

    The.king Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    138
    јас ја користам маката за коса GENERA и многу ми е полесно со неа кога ја ставам многу поубаво ми се расчешлува косата
     
  17. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски

    Јас ја користам и сум презадоволна. Маскава е еден од неколкуте козметички производи кои со години не сум ги променила. На олтар би ја ставила и би и' се поклонила :bow: :D
    Еден период поради здраствени проблеми имав многу проблеми со косата. Многу ми беше сува а врвовите наместа ми беа расцветани. Го купив шампонот што оди со маскава и маската.
    Ми ја препородија косата. :clap:
    Сега секогаш ја имам и штом забележам дека косата почнува да ми станува безживотна (особено после одмор на море - сонце + солена вода) веднаш ја користам. Обично 2-3 пати се доволни за враќање на косата во нормала.
    Според мене нема да зажалиш доколку ја купиш.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. macabela

    macabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    7
    Колку чинат маските на KEUNE?
     
  19. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Околу 350 ден.
     
  20. macabela

    macabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    7
    Фала Кала21, мислев дека се поскапи. Тие и така споро се трошат па вреди да се инвестира во добра маска. Инаку се што јас ќе почнам да користам снемува на пазарот. Sunsilk ги обожавав не ги носат веќе, имаше една совршена маска на Garnier во туба 1 мин ефект одамна ја нема, спрејот за волумен на Нивеа исто така.....во потрага сум по добра маска па може ќе пробам некоја на Keune. Од тие што сум ги користела а не и одговарале на мојата коса (долга, често се мрси, без многу волумен но не е беживотна и има сјај) се :
    - за фарбана коса на Garnier црвена кутија, добро мириса ама многу сплеснува,
    - Лореал розева една, исто сплеснува, ко ретка ми ја правеше косата, мирисот и е стандард на Лореал.
    - Semi di lino со масло од арган за никаде беше, посува косата никад не ми била а мирисот гаден и чуден!
    Garnier една зелена цела таа беше супер ама не ја гледам по маркетите. Генера сум ги пробала и само таа со кокос е задоволитена. Инаку доста добра работа вршат кесичките со регенератори или маски што доаѓаат со фарбите. Убаво мирисаат и траат.