Маските на KEUNE се околу 830 денари. Шампоните се околу 380 денари. (јас последен пат кога купив одовде толку беа, затоа што таму каде што живеам нема). Скапички се, ама доста долго траат затоа што многу малку е доволно да се нанесе.
Јас до сега многу пати во темава ја имам фалено маската на Генера - белата со црвено капаче, за мене убедливо најодлична маска (од поевтините, што можам да си ги дозволам) За промена пред еден месец ја земав маската на Хоби, со кокосово масло, затоа што беше иста цена со Генерата. После користење еден месец не забележав никаква промена, односно ништо не се случуваше со мојата коса, после секое бањање беше иста, скоро сува. Сакам да кажам дека маскава баш и не ѝ помогна, а и дефинитивно не ми го олеснува чешлањето. Затоа, ќе се држам сè уште за тоа дека маската на Генера најмногу ми се погодила до сега. Косата ми е апсолутно мека после нејзиното нанесување, чешлањето е прелесно, затоа ви ја препорачувам (по не знам кој пат). Не знам која феминка праша да не престанале со произведување на Генера - не сум слушнала искрено, јас ја купувам во маркетите на Гиго трејд, ама ја гледам и низ маркетите во центар
jas ja imam koristeno maskava e krajnost pereterano e dobra ,jas ja koristev koga imav blansirana kosa ,no ako nemas potreba od mnogu pothranuvanje na vlaknoto ne ti ja preporacuvam posto nema potreba kosata da ja naviksnes na mnogu jaki maski
девојки моментално имам само ореово масло дома па можете ли да ми кажете дали помага при растот на косата?
Реструктивна маска со ленено масло на Hair Care. Не знам дали е маска или кондиционер вака пишува маска, а позади на етикетата пишува "крем маска со лен е концентриран кондиционер кој ја храни сувата, оштетена и хемиски третирана коса". Мене повеќе ми личи на кондиционер бидејќи смесата не е густа како на маските многу потечна е. Всушност што и да е јас сум презадоволна, си ја врши функцијата одлично. За мене една од најдобрите маски што сум ги користела. Цена 99 ден. за 300ml од Зегин. Луѓе ако знете некои други работи од оваа фирма да ги има кај нас освен маски и течни кристали, кажувајте оти мене ми се повеќе од одлични.
Ја користам веќе некое време маската на Генера с портокалово капаче од кокос што е и морам да кажам дека сум просеќно задоволна, имам многу сува коса може и поради тоа, предходно ја користев Лореал жолтата зошто и таа многу ја препорачуваат за сува коса и е нешто подобро од Генера за нијанса, најзадоволна од производите на Дове, шампонот е нежен и маската дефинитивно највеќе ми помогнаа за сувата коса Во план ми е кога ќе ја потрошам маската да пробам од Генера со друго капаче, може баш оваа не и прија на косата добро
Ја прошетав малце темата,и гледам дека маската орзен ретко се спомнува,од се за коса што сум испробала,а сум испробала многу,орзен нај нај најубава ми ја прави косата,не што ја омекнува ненормално многу,него не ја затестува воопшто,не ја отежнува,баш дише.Кога плавуша ќе ви каже за маска дека е добра,верувајте и Само тешко ја наоѓам во Автокоманда,треба да се шетам до други населби за да ја земам.
Chikaa, ми ја продаде маската во моментот кога го пиша ова: Многу добро знам што сакаш да кажеш со тоа Туку, ќе сакаш да пишеш која точно ја користиш, сега гледав на нет и има повеќе маски од Орзен
Од Генера која е најдобра маска за коса ? Ја зедов денес она со портокалово капаче , ама уште ја немам пробано.
Од Генера ја имам портокаловата и зелената маска, портокаловата мириса на кокос а зелената на алое вера. Имам ставено од двете и дефинитивно поуба е портокаловата, косата ми ја прај премногу мека а имам причично оштетена коса од пеглање и од омбрето така да кај оние со природна коса има да им биди памук. И мирисот го обожавам, и многу долго трае. Дефинитивно најубавата маска досега што сум ја пробала!
Во кои маркети ги има Генера маските? Штом ја фалите портокаловата (а и обожавам мирис на кокос), па да ја земам
Тоа не е маска туку регенератор ги има во сите маркети, навистина е убав ептен ја омекнува косата, го имам и јас тој од кокос само мирисот нема ни к од кокос, незнам како ви мириса на кокос?
^ Ни мене не ми мириса на кокос,и јас искрено сум позадоволна од таа црвената имаше таа и по интензивен мирис и косата ми ја правеше помека
Genera se mnogu dobri se soglasuvam i zgora na toa eftini.... Samo da kazam nikogash da ne ja zimate maskata od l'oreal za zgusnuvanje na kosa sina boja ima so rozeva e pakuvanjeto... VOO[STO NE POMAGA i ja mrsi kosata licno iskustvo