толку и е цената... всушност околу 100 денари е секогаш, секаде е различно, ама не е поскапа од 110 денари, а е 500мл
И јас со гооодини ја користам маската на Генера, незаменлива е , сум користела многу видови, ама таа ми ја прави најубава косата, се расчешлува одма, мазничка е, ма со еден збор тоа е тоа
Маска за коса не користев толку редовно....но, последниот пат кога бев на фризер добив темелна масажа на косата и темелно објаснување за маските за коса, од девојката која работи како асистент. Ми кажа дека задолжително треба да користам било каква маска за коса (која и одговара на мојата коса). Искрено не сум многу задоволна од колекцијата за коса на Нивеа, всушност....воопшто не сум задоволна. Ми ги имаат препорачано оние маски од Генера, кои веќе ги имате ставено во групата. Како најквалитетна се смета зелената и супер делува на косата. Моментално се решив да пробам ефтина варијанта маска за коса, од Неутро. Мене ми е супер, косата ми сјае и лесно се расчешлува Едит: да не знае некој колку е маска за коса од Vichy, мислам дека вреди да се инвестира во неа
Девојки сакам да ве прашам дали од маската ставате на цела коса, т.е. на коренот, или само надоле? Јас колку што знам не треба да се става на коренот, можеби тоа е причината што на некои ви паѓа и ви се мрси косата. Ако ставате само надоле нема логика да паѓа косата од маската бидејќи не е ни во допир со коренот Ако негде грешам ве молам поправете ме. Инаку и јас ја користам Генера и тоа каква боја купи мајка ми таква, не приметувам разлика освен во мирисот Мислев да ја сменам и да ги пробам маските на Лореал бидејќи шампонот Total Repair 5 е одличен
Сум ги користела трите таа втората со црвено капаче е ужас батем кај мене ми ја мрсеше косата што никогаш до сега не ми се случилоо дури како со лепак бев иначе пофалби за првата а и таа за фарбана не беше лоша исто така на Глисс се преубавии
sunsilk volume se stava posle mienje i ne se plakne ama moras i da ja feniras taka vlaknoto ke omekni e nema da e kako seno
Порано ја користев маската на Genera,па потоа ја користев маската на L'Oreal,a сега ја користам маската на Gliss. Најубава е маската на L'Oreal и сега да ја потрошам од Gliss и повторно ке земам од L'Oreal
Леле и јас денес ставив од на мајка ми маската за коса,Генера,и многу ми пага косата еве цел ден кога и да поминам низ косата вадам влакна Можеби дека ставив повеке количински и не ставав баш на коренот ама некаде 5-6 сантима од коренот.Инаку е ок маската,само не знам дали е до неа тоа што ми пага косата
Дечки од маскиве на Генера, која каква намена има Јас досега само црвената сум ја користела и задоволна сум, убава беше..за тие пари е повеќе од одлична. Сега се двоумам да купам пак на Генера ама од другиве да испробам, гледам има зелена, портокалова, плава Од која сте најзадоволни вие, и дали се наменети за соодветен тип на коса маските? И исто ја гледав пред некој ден оваа маска, ако некој ја користел нека каже дали е добра.
Карина, Ливинг препорача една со маслинки од Рефан- само не сум сигурна во која тема дали во производи од кои сте задоволни или во производи на месецот, но во секој случај и го фрлив меракот
Еве Сеси, ја најдов 320 денари била. Ах и јас и го фрлив меракот. Во последно време сите пари ми одат по козметика
Таа е, многу ми е убава. Не ми ја прави косата мека и разлетана како другите маски, туку некако убаво оформена, поцврста. Јас веќе не ја менувам.
Порано ја користев мнооогу и ми беше најубава косата ќе можете да ми кажете од кај ја купувате одмна не можам да ја најдам
Јас од се што сум користела до сега за коса од DOVE сум најнајзадоволна. И од се друго што не е за коса исто така сум задоволна многу
Ajде да се обидам и овде да го поставам прашањето...се надевам ќе се препознаете во мојов `проблем` и ќе се најде некоја ` сродна душа` да ми го реши или барем олесни проблем-чето =) Долгогодишен потрошувач сум на Garniere Fructis колекцијата - поготово маската за коса. Е сега покрај тоа што амбалажите им се сменети, забележав дека и својствата им се сменети (наводно подобрени и усовршени) но никако неможам да си ја најдам идеалната маска која ја користев претходно. Па би замилола некој кој има повеќе искуство да ми помогне. Сабајле се двоумев помеѓу двете новопонудени Oваа: Garnier Fructis Repair&Shine ULTRA NUTRITION 3min само што неможам да ја најдам нашата амбалажа (цела е златна како капачето) и делува за 3 мин (за разлика од досегашните кои делуваа за 1 мин) И оваа Garnier Fructis Color Resist 1min Oд прилика мислам дека и амбалажата кај нас е иста... Е сега јас ја купив златнава...но штознам некако ми е страв да не ја расипале целата колекција...па би ве замолила доколку некој ги користи новиве брендови да ми помогне со сопственото искуство... Би ви била многу благодарна... * ќе го постирам ова и во соодветната тема за маска за коса, но некако се надевав дека тука одговорот би ми бил по експресен, а некако ми се брза
Хеиди вака јас ја купив пред 2 недели оваа втората за фарбана коса но и ја даов на мајка ми бидејки не ја сакав, не ми мирисаше убаво а не добивав и никаков ефект исто како со шамшон ссамо да сум се исмила....а за другата со златно незнам..