Сакам да си купам Wella маска за коса пошто ми се убедливо најдобри. Досега ја купував од кај мојот фризер, ама пошто се многу скапи и не му се трошат, веќе не ги продава. Дали некоја знае каде им е претставништвото на Wella во Скопје и каде можам да ја купам маската во Скопје?
mia , зашто не провериш преку нет која цена се ? Јас од овој продавач имам купувано лосиони за тело а гледам дека има и маски на wella , па провери ги цените случајно да не ти се исплати повеќе http://www.ebay.com/sch/m.html?_odkw=&_ ... acat=11854
Презадоволна сум од маскава. Освен што ми ја прави мека косата (а никогаш не ми била мека) и фино мириса. Прв пат кога ја ставив цело време си ја душкав косата.
Здраво женски, сакам да споделам со вас една домашна маска. Ја имам ставано 3 пати до сега и не е лоша. И дава волумен на косата, сјај, го зајакнува влакното. Би ви препорачала да пробате нема ништо лошо. Маската е следна: * 1 супена лажица топло млеко * 1 кафена лажица мед * 1 коцка квасец Се ставаат сите состојки и се остава да отстои 30мин. Потоа се нанесува најпрво на коренот на влажна коса (како кога се фарба косата) потоа се става капа најлонска и пешкир, се држи 1h. Пробајте, и очекувам коментари. Поздрав
Ја имам користено портокаловата и искрено не бев многу задоволна,зеленава ја немам користено и не знам каква е. Би ти препорачала да си ја земеш црвената има совршен мирис и косата ја прави свиленкаста
jas ja kupiv mislam deka bese 580 denari ama za mene toa e vrvot. Sega go kupiv i samponot i kapkite i ja imam cela kolekcija.
Топ со здравје да си ги користиш, и уште да ми кажеш од каде ја купи маската ги има ли овие производи кај нас?
Мене вчера ми стигна истава маска од Макадемиа што ја поставило девојчето , се уште не сум ја пробала ама мириса препрепрекрасно , јас ко за почеток ја порачав таа со тубичка што е 100 мл , и од страната lookfantastic.com чини 13 евра ама внасуваш еден купон и ти доаѓа 11 евра со попуст. Ги има и во поголеми количлини 250 ml чини 25 евра , 500 мл чини 38 евра и 1 литро чини околу 78 евра исто така ги има и останатите производи од маркава , шампони , серум за коса , чешелот http://www.lookfantastic.com/macadamia-deep-repair-masque-100ml/10790480.html
Мене ми е најубава Гарниер нешто со ориз е не ми текнува точно бела со црвено капаче преубава и ефтина
Скоро еден месец ја користам Генера маската со црвеното капаче, но мислам дека ми се појави проблем-приметив дека многу почна да ми паѓа косата при миење. Прв пат ја купувам, задоволна сум ептен значи.Косата конечно можам да ја ичешлам како што треба и да си ја исфенирам.Прв пат да сум задоволна од некоја маска за коса, но некако страв ме фака што ми паѓа толку косата. Знам дека е период и се тоа, но кога не ставам маска го немам проблемов. Е сега ми треба ваше мислење околу Орзен маскава за коса. Сакам од кога ќе ја потрошам Генерата да ја купам од Орзен, бидејќи почнав нивните шампони да ги користам и сум поприлично задоволна. Моментално го имам овој шампон за сува коса.
Не си сама, значи и јас го приметив тој ефект од Генерата, абе цело лето без коса останав ради неа. Сега користам регенератор од Гарниер и се си е во ред.