Многу ми е криво за маскава зошто ептен убаво ми ја прави косата, но ќе ја дотрошам и ќе ја сменам. Јас го имам и зелениот регенератор од Гарниер, тој со 5 билки што е, но никаков ефект нема, освен што има пријатен мирис.
Јас го имам тој белиот со зелено капаче од алое вера , одличен е. Косава ја прави мека како и маската на Генера. А за мирисот немам коментар. Преубавоо..
А маската за коса оваа што ја зборите на Генера како ја нанесувате? Да не ставате и на коренот на главата? Ако така нанесувате маска за коса од секоја маска ќе ви се случува истото, таа е наменета само да се нанесува по должината на косата, значи од ушите надоле. Никако на коренот, ем може да ви ја мрси косата т.е. кожата на главата или да ви се јави првут, опаѓање и други несакани последици.
Маскава ја земам од една фризерка, цело кило за 550 денари, од ленено семе. Може да се најде кај фризерки кои работат со еволушн производите, италијанско потекло има, edelstein е името на фирмата. Тука увозникот е исти така да лесно се наоѓа. Има ефект и тоа многу добар, омекнува дава сјај прелесна ја прави за чешлање и ја потхранува. а според грамажа што е преисплатлива за таа цена. Квалитетот е неспорен. Спојлер Дај бе вие од макадамиа спамирачите кој очај сте олабавете малце уште у фрижидер ве неам сретнато
Апсолутно никако не препорчувам маска од Генера му дадов шанса 2 пати на 2 различни не е работата дека само е евтина земија апсолутно ништо не му прави на косата и мн е течна,никаков резултат немав на косата напротив ставаш нешто исто како да не клаваш жива катастрофа,сега ја зедов Орзен се надевам дека ќе бидам задоволна...
^ Јас лично, пак, ич не сум задоволна од Орзен, немаше никаков ефект на мојата коса. Сè уште се дружам со Генера и не ми се случило нешто слично како што опишувате - паѓање коса и слично.. Нормално ја нанесувам само на краевите, чекам неколку минути и ја измивам. Јас лично само со Генера имам најпозитивно искуство. Да не користите истовремено и регенератор? Јас всушност се префрлив од регенератор на маска затоа што со регенератор - екстремно многу коса ми паѓаше
Probajte gi freelimix maskite i tie se super zoltata i belata. Mozete da gi poglednete na ovoj link http://www.freelimixusa.com/ mislam deka bese 350 denar od 1 litar
Бо регенераторот или маската на Генера додадете едно пакетшче или две цимет и една лажица пантенол или ад капки и ке добиете најдобра маска и регенератор
Јас ја користам само маската.Прво користев регенератор на Гарниер, но не бев задоволна, па го сменив за маската од Генера. Се сложувам дека е ептен добра маска, нешто добро мојава коса одамна нема пробано ,но можеби и до мене е проблемот. А сакам да ја земам на Орзен, зошто го користам нивниот шампон за сува коса и сум ептен задоволна. Маската воопшто нема ефект?Која си ја користела ти?
Јас ја користев Генера со црвено капаче.. И сега гледам дека моја грешка било за маската на Орзен, ја помешав со друга, значи - ја немам користено, не можам да кажувам впечатоци за неа. Мислам дека ја помешав со Хоби (и не знам зошто) И јас многу долго време го имам користено шампонот на Орзен и бев многу задоволна, но косата ми се презасити од него и почна многу да ми се перути. Така што, можно е и тебе косата да ти се презаситила од маската на Генера, па ти прави проблеми. Ако ја пробаш маската и излезе добра, чекаме пофалби
Јас ја користам маската на Pantene за оштетена коса исто така и регенераторот и многу сум задоволна и мирисот, а и косата е многу здрава сјајна и мека
Јас ја користам маската на Evolution за сува и оштетена коса и косата ми е како метла ако не ставам. Спојлер
Многу сум задоволна од оваа echo, ја добив на поклон и се изненадив колку ми одговараше. Имам многу густа коса и буквално ми ја слепува, не сум бушава и без фенирање. Ја пробаа и другарки меѓутоа не им одговараше затоа што имаат ретки тенки коси па ги сплесна скроз . Кај нас не сум ја видела, од Грција ја земам за некои 6/7 евра за 500мл. А по читање на ваши искуства тука ја земав и Seri, и задоволна сум и од неа. Конкретно оваа ја користам Дома сега ги имам и двете па си ги користам најизменично
Izvinete za latinicAva ama nemam mak. podrska na ovoj komp. Kosata ja farbav so edna od 70 denari farba (shto gjavol me lupna)..i kako izgorena mi e i edvaj se rascesluva vceraa bev na frizer i mi kaza bez amonijak daa koristam farbi. Mi kaza itno da koristam maska za kosa. So regenerator nisto ne biduva za rascesluvanje... Koja e Namenata na maskata? Preporacajte mi maska za ash blonde kosa i za izgorena... da ja upravam moram... Pooz
И јас имам плава коса и ги користам маските на макадемија и еугене перма , на макадемија производи имаш некаде во капиштец ( баш прееска читав во темата за ДМ таму ќе прочиташ каде поточно ги има) а на еугене перма имаш во космо имаш шампони и маски за оштетена коса околу 900 ден се маските ама да знаеш вреди. А за фарба ти ги препорачувам на гарниер колор сензејшн и не се јаки фарбите и имаш убави плави нијанси јас ја користсм 111 , а ако ставиш без амонијак нема да ти фаќа воопшто фарбата плава коса не се одржува со фарби без амонијак за жал