Сега моментално ја користам зелената маска од pantene и прилично сум задоволна... еднаш во месецот си правам природна маска која ја држам на мојата коса 3 саати и која ми ја прави косата сјајна... 1.една супена лажица чичково масло 2.една супена лажица ореово масло 3.една супена лажица бадемово масло 4.една супена лажица МЕД Сето тоа се меша во еден сад...се става на косата и се остава 3 саати... проверено...за коса како од бајките
Ја купив маската Semi DiLino за скротување и против сушење на разлетана коса во влажни временски услови и морам да кажам дека уопште не сум задоволна, ја прави косата да изгледа слабо и ретко а и воопшто не ја прави мека и сјајна како што е објаснето а прескапа е (600 ден.) за ваков (никаков) резултат. Спојлер Oва е маската
Momentalno go koristam ovaj regenerator od Loreal i mozat voda da mu nosat site maski i regeneratori drugi,podobro nesto nemam koristeno prekrasen e...
Девојки, ги прочитав последните 5-6 страни и гледам дека главно се коментарите за маски за нормална коса, чат-пат за права/виткана. Користел ли некој за оштетена коса да ми препорача? Само што дојдов од кај фризерката, 5цм ја скратив косата и уште имам расцветани врвови, па девојката ми рече да почнам да користам некаква маска. Инаку, не ми е фарбана, туку многу оштетена од секојдневно пеглање.
Можеш да ја пробаш маската на Орзене за сува коса, многу е добра, убаво мириса и ја омекнува косата, јас моментално ја користам. Исто така, на Hair care со ленено семе е убава, во Зегин може да ја најдеш. Убави се и на Глис, ама ги одбегнувам оти имаат парабени. Инаку, ако ти е толку сува и оштетена косата, прави си домашни маски. Мачкај ја пред секое миење со маслиново, бадемово, кокосово масло или мешај ги овие. Можеш жолчка со маслиново и мед или само мед и маслиново масло, јајце и јогурт. Сепак, сметам дека не треба секојдневно пеглање оти каква и да користеш маска нема да ти помогне, пак ќе ти расцветаат врвовите. Јас пегла и фен дали два пати годишно користам, па пак ми цвета оти ми е сува косата, а не пак со секој ден пеглање, ќе стане метла.
Да знам дека се, ама морам некоја добра маска за косава затоа што ја фарбам и прилично ми е оштетена. Ај ќе разгледам деновиве пак, па ќе видам. Купив регенератор на Кене и ок е, ама сепак маска подобро.
Сте користеле ли маска од Doctor's? Ме збунува тоа што пишува на маската да се нанесе после шампонирањето со нежна масажа. Каква масажа, нели маска не се става на коренот? Или врвовите треба да ги масирам?
Corine de Farme воопшто не ми одговара. Косата ми е наелектризирана и разлетана, дефинитивно ќе се вратам на Macadamia Natural Oil Repair Mask. Оваа е прекрасна, косата ја прави мазна, сјајна и цврста.
Може ли некој да ми каже од која цена се движат маските за коса во @dm drogerie markt ?Знам има гледано мали едни како во кесичка.Можете ли некоја да ми препорачата?Имам сува и оштетена коса.
Драга nencunen, имаме повеќе препарати наменети за нега на сува и оштетена коса, фарбана коса и слично. За сува коса наша препорака е можеби да го пробаш млекото за коса од Balea, 200 мл кое чини 167,00 денари. Од малите пакувања за коса кои се наменети за интензивна нега на косата постојат исто 2 типа. Цената им е 69,00 и 79,00 денари За нега на врвовите препорачуваме да ги пробате маслата за коса од брендот на Balea. Маслото за нега на суви врвови чини 249,00 денари
MamaYette ако пишува дека е потребно да се втрие, а не е нагласено дали треба да се нанесе и на коренот, тогаш се мисли на втривање во врвовите и по должината на косата.
Здраво јас моментално ја користам оваа на марката Casyopea со кал од мртво море, која за цел има да го исчисти скалпот на косата и да го зајакне влакното. Навистина сум многу задоволна и косата ми останува чиста повеќе денови од обично.
Здраво драга, маскава ја земав од штандот на Тесори ди Маре во Рамстор (а има и еден во Сити Мол). Цената е 600 денари. Поздрав
Како се нанесува чичковото масло, на сува или мокра коса? .. прв пат ќе ставам па некој нека ми објасни поздрав
Како третман маслата за коса секогаш се нанесуваат на навлажнета коса никако на сува. Ако го нанесеш на сува маслото продира длабоко во влакното и се врзува со мастите природно присутни во нашата коса. По одмивањето тоа со себе ги носи тие природни масла и наместо сјајна и убава коса може да добиеме комплетно спротивен ефект односно сува коса. На навлажнета коса маслото делува само на надворешниот слој од влакното без да навлезе длабоко во него затоа што водата служи како еден вид на бариера и го штити. Косата по измивањето ќе ви биде мека, сјајна и лесно ќе ја обликувате. Третманот за коса се држи најмалку саат време а може да го оставиш да делува и цела вечер.
Да ги прашам девојките што ги користат SERI маските за коса, од каде ги купувате? Кај мојата фризерка ги има, ама се 600 денари а мене ми текнува декатука пишувавте дека го наоѓате и по 300 денари.