Оваа маска ми ја препорача фризерка. Ја има во помала количина за 250 ден. А мојава е 500 ден. Косава конечно ми се среди. Од бушава се скроти. И мириса преубаво на портокал. Јас се мијам на секој 3 ден. Мирисот трае до следно миење не се ветрее. Ептен сум задоволна.
Еден од најдобрите препарати што сум ги ставила на мојата коса. Предобра е маскава, прекрасен мирис. Буквално ја препородува косата. Ја купув скоро и два три пати ја користев само, но сум презадоволна. Тубава е 100 мл. и истата кошташе во странатво 12€. Кај нас мислам дека ја има во Александарс Козметикс, каде што има и козметика на Нукс. Нека ме поправи некој ако сум грешка.
Неκогаш и евтините масκи се ептен ефиκасни , ја κоρистам на Genera зелената цела и уште половина има а ја κоρистам мн. вρеме , пρеκρасна е масκата .
Откаде ја купи, и мене ми рекоа да си купам професионална но ми се скапи а оваа цена е ок -супер прифатлива.
Прв пат си купив маска пред околу две недели, не е некоја позната марка, Genova, но јас сепак задоволна сум од неа. Стварно корисна работа биле маските за коса, штета што порано не ги открив.
Здраво на сите, имам еден предлог за вас доколку сакате прекрасна маска путер за вашата кожа а згора на сѐ да биде природен и без штетни состојки. Еве во продолжение споделувам еден рецепт за домашен путер со слики од употреба и ефект врз косата. Поздрав. Направи сам: прекрасен домашен путер за коса и кожа Здраво драги мои, одамна сакав да објавам една ваква статија за домашен путер кој може да го користите за коса (како маска, но и како серум за оштетени врвови) и како хранлива крема за тело. Има огромна потхранувачка и хидратантна моќ, дава прекрасен сјај на косата, а кожата ја прави екстра мазна и мека. Потребни ви се само три состојки кои, доколку редовно правите производи сами, сигурно веќе ги имате во вашите домови. Ајде најнапред да разгледаме како се прави, а потоа ќе ви објаснам како најдобро да го користите. За подготовката на овој домашен путер потребни ви се: - 5 лажици какао путер (или шеа путер); - 5 лажици алое вера гел; - 5 лажици кокосово масло (или друго по ваш избор); - 20 капки етерично масло (јас користев комбинација од рузмарин и портокал) Доколку користите шеа путер нема потреба да го загревате, меѓутоа за путерот од какао пожелно е малку да го омекнете за да биде полесен за работа. Во еден пластичен сад ставете ги путерот, алое вера гелот и маслото и со помош на рачен блендер почнете да ја матите смесата се додека не стане кремаста. Откако ќе ја добиете посакуваната структура на овој путер додадете ги и етеричните масла и префрлете ја смесата во едно празно и стерилизирано кутивче за крема. Може да рециклирате и некое од веќе завршена крема, доколку убаво го измиете и стерилизирате. Маслото може да го одберете сами според вашите потреби и според намената на путерот. Доколку сакате универзален путер кој ќе го користите и за тело и за коса ви советувам кокосово, бадемово, арганово или оризово масло. Ако вашата намера е производ кој исклучиво ќе го користите за коса во тој случај може да ставите масло од ленено семе, макадамија или пак мешавина од рицинус со бадемово масло. Исто така и изборот на етеричните масла зависи од намената. Јас сакам да го користам само за коса (за тело си направив друго и наскоро со вас ќе го споделам рецептот), затоа ставив рузмарин кој одлично влијае на циркулацијата на косата и секако на сјајот на самата коса, и портокал кој има за цел да го неутрализира силниот мирис на рузмаринот и секако придонесува за сјај на косата. Пропорцијата која јас ја употребив беше 8 капки етерично масло од рузмарин со 12 капки етерично масло од портокал. Резултатот беше овој Структурата на овој путер е доста густа, меѓутоа се топи под дејство на нашата телесна топлина, така да е многу лесен за нанесување. Како третман за коса може да го користите на два начини и тоа: - како маска за коса пред шампонирање: нанесете го на благо навлажнета коса и оставете да делува најмалку саат време; - како серум за оштетени врвови: многу мала количина од производот нанесете го на влажна коса пред фенирање на врвовите, или на сува коса на врвовите за да ја измазните косата и да и дадете висок сјај, а воедно и заштита од надворешните услови. Како крема за тело нанесете го после туширање со благи кружни движења и уживајте во прекрасно мазната и мека кожа. Како што напоменав, јас го направив специјално за коса и веднаш го пробав за да ви го покажам резултатот. Го нанесов на благо навлажнета коса, го оставив да делува околу два ипол саати и потоа ја измив косата. Резултатот беше неверојатно мека и пред се сјајна коса. Еве, може да забележите и сами од сликите кои ги направив по сушењето на косата. Еве како мојата коса изгледаше изутрината. Обично наутро косата ми е цела прекршена од спиењето, меѓутоа овојпат за среќа изгледа прекрасно како штотуку фенирана. Се надевам дека ви се допадна овој навистина едноставен, а многу функционален, ефикасен и прекрасен домашен рецепт. Згора на сѐ е 100% природен без штетни состојки, така да сигурни сте дека вашата кожа и коса го добива само најдоброто. Поздрав и до скоро читање. Вики ЕДИТ: Вака подготвениот путер трае месец дена и може да се чува на собна температура.
Mislam deka pisav ponazad. Mojata e od aerodromot vo Zagreb, no istite maski, so ista cena, gi ima i vo Aleksandar Kozmetiks, kade ja ima i kozmetikata na NYX, kaj trgovskiot Zebra.
Dali nekoj ja ima koristeno ovaa maska za kosa? Mojata frizerka mi ja preporaca za suva i ostetena kosa, ja kupiv 600 den, sega ke pocnam da ja koristam ama sakam da prasam dali nekoj ima iskustvo i da pise komentar. pozz