Дали некоја феминка користела маска од Loreal total repail 5 и маска од Алверде таа со авокадо или некоја слична ? Ме интересира дали таа со авокадо од ДМ е подобра, затоа прашувам ?
Дали некоја ја користела Гарниер маската со маслинки и како сте задоволни? И колку чини бидејќи ме сум при парички момемтално? Истото сакам да го прашам и за Алверде маската со авокадо?
Ако мислиш на оваа, јас ја купив околу 230-240 денари ми се чини и сум прилично задоволна, сè уште ја користам. Густа е, личи на путер и има прекрасен мирис. Мене косата ми ја прави ептен нежна.
Ели веројатно си го земала кога беше попустот на цела колекција Алверде и јас мислам дека е околу 200 денари.
Kade li da ja najdam Preubava i evtina. Frizerkata veke ne ja naracuva, bese 500 den 1kg. Potoa ja najdov na Bitpazar kaj policijata 250,300 den no i tie vekje ne ja nosat
Ели, побарај ја во Вип Козметикс во Кисела Вода, јас пред некое време најдов нивна понуда на Групер, подрипнав кога ја видов Шери маскава И јас ја набавував од кај фризерката, ги имам пробано првичните три врсти, сега ја видов и новата со арганово масло и можам да ти потврдам дека таа е најдобра од сите. Ама знаеш дека која и да ја земеш - нема да згрешиш. Еве линк од понудата на Групер, да видиш каде се наоѓа салонот
Кажете ми како најчесто го користите путерот од Алверде? Како маска со измивање или само како третман?
Јас ја користам првата маска, со кератин и млечни протеини. Мирисот е многу нежен и ненападен, а од ефектот сум навистина задоволна. Косата е мека, свиленкаста, лесна за чешлање и обликување. Ја нанесувам од пола коса надоле кон врвовите и ја оставам минимум еден час. За таа цена е супер.