Јас во меѓувреме ја зедов оваа, иста фирма се. За овие неколку пати користење задоволна сум, но мирисот не е воопшто на ванила . На сува коса ја нанесуваш па оставаш 1 час? Прочитав дека и вака било добро, но не сум пробала.
Не ја нанесувам маската на сува коса. Сите масла и маски ги нанесувам на претходно навлажнета коса, ја собирам во пунџа и по саат или два се мијам. Кога ја нанесувам маската на сува коса имам чувство ко да нема ефект. Не знам дали ми е од шубе или не, ама секако повеќе ми се допаѓа вака.
Го земав путерот на Алверде со авокадо, не ми е јасно само.. како маска се користи или... Како што разбрав на сува коса се нанесува, да отстои и после се мие? Колку време да стои? И на измиена фенирана може како капки што се ставаат да се стави малку? И дали може да се користи на секое миење на косата? Јас ја мијам на 3,4 дена
Дали има некоја пробано природна маска за коса, голема чаша млеко малце млако да стопиш лажица мед во млекото и да ја измиеш косата, има некоја пробано? ??
Јас ја користам таа Мултивитамин, мене ми се допаѓа, за таа цена одлична. Ја користам при секое миење, откако ќе го исплакнам шампонот ја нанесувам од ушите надоле и оставам 5 мин, па плакнам. Не ми треба ниту регенератор после. Следна за пробување ми е Кератин, иако никако да ја дотрошам.
Секако, можеш да го користиш путерот како и колку ти одговара. Го нанесував при секое миење и постојано менував - еднаш во месецот нанесував на целата коса вклучувајќи го и скалпот, оставав да стои по еден час и потоа миев. Најчесто го користам како третман против суви врвови - ја мокрам косата од ушите надоле (онака колку благо да се намокри, да не биде скроз водена), нанесувам убаво од путерот, ја врзувам и оставам да стои час или два, зависи кога како имам време. По миењето немам проблем со обликувањето на косата дури и ако не ја фенирам. Свиленкаста е на допир и буквално сама си се обликува. Ретко го нанесувам како средство за обликување при фенирање, ама одличен е и природен. Пробај прво нанесувај на врвовите, па види како ќе ти се допадне и експериментирај.
Јас презадоволна бев од путерот , го нанесував на миена коса , и потоа ја виткав во крпа и ја држев косата пола саат. И да , на секое миење на косата го користев. Јас тешко за мојава коса си наоѓав маски како што треба , другите ми ја замастуваа косата ми ја правеа како `тесто`, оваа одговара баш на секој тип коса. Можеш да ја нанесеш некогаш и на скалпот како што пиша Мишела
Прееска купувајќи поклони за 8-ми Март низ ДМ, ги здогледав овие маски за коса, кои морам да признаам на прва ме привлекоа со амбалажата, а и беа некои 180-190 ден. 1000мл, што е доста поволно. Ги користел некој, каков ефект имаат, и која е оваа марка (ако е позната, а не ја знам срам да ми е)?
Природна маска за коса- 1 банана, 1 јајце ,1л мед, 1 л маслиново. Се става на сува коса , некои 30 мин .
Банана? Уф, никогаш не можев на коса да ставам храна јајце, мед, банана и сл. Точно никогаш повеќе нема ништо од тоа во уста да ставам, ми е гадно, па потоа да ка измијам косата од тие чуда ама добро кој може... Во последно време користам Алверде, 5 во 1, овие. Купам повеќе пакувања, едно пакување на едно миење, чиста работа. Одлична е. Косата преубава.
@Mishela овие маските погоре што се по 1000 мл , една другарка ми стави во едно тегличе да пробам (розевата и зелената ги пробав) и навистина се супер , само ме интересира за составот содржат ли силикони ?
Не сум сигурна да ти кажам, не сум го погледнала составот од страв. Вечер ќе бидам во можност да проверам и ќе ти сликам декларација ако сакаш.
@Mishela ако не грешам ја купи ти новата колекција на лореал ? Сподели како си задоволна од маската и шампонот?
@koritsaki јас ја имам таа со кератин и содржи силикон . Мене ми е супер како фенирана после неа сум. Но ми има многу јак мирис (машки ) но брзо ветрее.
Го имам само шампонот, ама ќе пишам деновиве во соодветна тема. @koritsaki, не ми успева да ја фотографирам декларацијата без да се гледа дел од мене и се откажав. Најдов некоја декларација низ Интернет, ама мислам дека е од друго издание на Кератин маската за коса - претпоставувам дека не менува многу и дека составот е ист кај сите.