Овој состав е истиот и на шампонот. Значи ист е кај сите, баш сега проверив. @koritsaki ама настрана тоа екстра ја прави косата. Јас не ја фенирам ниту пеглам, знам дека темата е за маски ама сакав да се надоврзам дека се работи за производ од иста фирма.
И јас не ја фенирам, ниту пак ја пеглам косата. Права ми е и не ми се виткаат нанадвор врвовите. Многу добра маска, откритие на годината ми е.
Се согласувам девојки , топ е маската и затоа ми е криво за слиликониве , ама па многу убава косата ја прави сега ќе ја истрошам , другарка ми за да и заврши побрзо ми ставила едно тегличе големо од двете маски , па за понатаму ќе видам може да ја купам и јас @Mishela @buba4e89
И јас неколку месеци користам маска од овие Kallos,од Веро ја земам околу 180 и е цената,најубава ми е од кавијар,преубава ја прави косата,ептен помага за полесно расчешлување и обликувување.
Кога сме кај маскиве , оваа маска со банана ја има во ДМ? Или само таа со кератин, кавијар и мултивитаминската? Мене од овие две по доле ми даде другарка ми
Во ДМ немам забележано, јас ги имам видено во СУПЕР ТИНЕКС и во една маалска продавница во населба. Банана ни јас ја немам забележано одамна.
Не е маска, регенератор е но е многу убав. Прво со пумпицата е многу практично за дозирање, густ е, има убав мирис кој трае. Јас го имав овој за сува коса и сум многу задоволна колку мека ми ја правеше косата. Го користев и шампонот, неколку пати го пробав самостојно (без регенераторот) и забележав дека полесно ми се чешла косата иако не нанесов регенератор. 600мл за 200-220 денари е исплатливо. Регенераторот има силикони додека шампонот нема.
Поубава маска од овие од Kallos немам никогаш користено. Пред 5 дена ја земав онаа од кавијар кога ве прочитав тука и презадоволна сум.Успеа мека и свиленкаста да ми ја направи косата која ми беше со 10cm исушени врвови. Јас расчешлав без проблем. Сега свежо шишана, уште поубаво. Ептен сум среќна, ретко се наоѓа нешто што убаво влијае на виткана коса, дури и оние специјалните маски и креми ми се без везе тотално. А нели демек на виткана коса никако не одговарале силикони
А, што ќе и се случи на косата која си ја третирал без силикони ставиш од оваа маска која содржи силикони?Ме интересира оти и јас сега сакам да ја пробам маската со кератин. Јас мојата веќе некое време ја третирам само со производи на Алверде и кокосово масло и ете супер ми е ама не изгледа баш како тазе излезена од салон, целата ми е испрекршена после фенирање.Инаку ја фенирам и пеглам понекогаш, не одбегнувам скроз топлина, морам оти во спротивно како бувче ќе сум бушава.
@buba4e89 супер ќе одам да проверам баш до тој Тинекс @Babyby да , содржат силикони и јас досега користев само природни маски ама етее овие многу ми се допаднаа
Јас ја заборавив маската во ташна кај другарка ми и цела недела имам испити учам и еве цела недела не сум ставила маска на косата и косата ми е поубава и побујна. Некогаш косата може да се презасити од маските. Сега избегнувам да ставам и капки за коса да ја одморам од сите хемии. Само кокосово масло што е природно.