Мене маската ми е за да ми ја омекне косата,да биде лесна за расчешлување,обликување и да не е бујна па да плашам луѓезависи каква коса имаш нема потреба секоја од маска
Путерот Алверде, како го нанесувате за подобар ефект? Пишува 10 мин пред миење на сува коса, па се измива, или после миење на сува исто, само на врвовите.
Помешајте ½ чаша кефир со 1 кафена лажичка какао и 1 жолчка. Дел од добиената смеса нанесете ја на коренот и добро измасирајте, а останатиот дел со чешлање распоредете го низ останатиот дел на косата. Кога смесата ќе почне да се суши, нанесете уште еден слој. Потоа на косата ставете кеса. Главата стоплете ја со пешкир и почекајте 30 минути. Потоа измијте ја косата на вообичаен начин. За долгорочни и брзи резултати маската користете ја 2-3 пати пред миење во рок од 2 месеци. Јас ја користам оваа маска и многу сум задоволна би ти ја препорачала и ти да ја пробаш!
@Minnie 1 јас кокосовото масло го нанесувам пред миење на косата и го оставам на коса завиткана во пешкир да стои 30 минути најмалку. И потоа се мијам нормално. Вака како маска по миење немам ставано
@Mishela @koritsaki и било која друга феминка што ги користела маските на Kallos да ми препорачате која е најубава?кератин,банана,кавијар или? Немам некои посебни потреби како расцветани врвови или слабо влакно или слично, маска најчесто користам за полесно чешлање...сакам да купам ама незнам која...чекам препораки ☺ Tnx
Јас единствена ли сум што не е задоволна воопшто од маските на Kallos? Воопшто не ми ја правеше косата мека а не беше ни лесна за расчешлување. Дури маската на Генера ми се покажа како далеку подобра опција од овие. Воопшто не сум задоволна, еве ми дремат во плакарот во купатило.
@doubleinfinity , од маскиве на Калос ги имам таа со банана , мултивитаминската и кератинската. Сите ми се ок , лесно ја расчешлувам косата , а најважно е што не ми ја мастат косата дополнително. Најдолго време ја користам таа со банана и сум задоволна. Во врска со оштетена коса , немам некое мислење дали помагаат маскиве или не
@Mishela Мишелке, како мириса зелената? На што потсетува мирисот? Се мислам која да ја земам, бидејќи немам некое особено оштетување, но имам проблем со "теткица" - виткање на врвовите. Сепак, кај производите за коса пресуден ми е мирисот.
@blackwave приметив дека од таа од боровинка подолго ми трае мирисот на косата. Мирисот е убав, но не е на боровинка.