Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маски за коса

Дискусија во 'Коса' започната од easyyyyy, 15 април 2011.

  1. Anacid

    Anacid Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    WP_20170603_002.jpg Дали само мене ми се случува а ставам маска и да ја исплакнам ми остануваат повеќе влакна во рака , било каква маска дури и таа од фарбата . А иначе косата ми ја прави мека и лесно се расчешлува . Сега користам од авон и пак исто .. Ви се случува ли на вас нормално ли е?
     
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.441
    Пол:
    Женски
    Од некои балсами и маски опаѓа косата. Ќе си водиш евиденција да си знаеш која маска/балсам прави опаѓање на коса.
     
    На teteks му/ѝ се допаѓа ова.
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Дали сте задоволни од Garnier Ultra Doux црвената со арганово масло и брусница? Дали ви предизвикала поголем број на влакна од вообичаено да опаѓаат од неа?
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.405
    Допаѓања:
    250.396
    Која маска е најдобра за бланширана коса? Изгорени ми се врвовите од пеглање и сончање, сега ја фарбав од кафеава во плава и ми треба добра маска.
     
  5. Kitty23

    Kitty23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Мој совет ако сакаш барем малце да ја скратиш 1-2 цм колку да се освежи, ако не пробај со природни маски маслиново масло, кокосово, арганово итн... поздрав:)
     
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Јас се колнам во маскава! Магија во пластична кутивка :)
    ALX_3335_2.jpg
    Ми ја има спасено косата пред неколку години и од тогаш ја имам прекупено и сама не знам колку пати. Се нанесува пред миење, чекаш половина час (или додека да се засуши) и најнормално шампонираш. Ќе се изненадиш колку од само едно нанесување косата ќе ти биде освежена и оправена :)

    Извор: паталец (односно- фарбана плавуша) :)
     
    На Biodevojka, JuLleE и Mishela им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.405
    Допаѓања:
    250.396
    Ќе ја шишам за еден месец, сега маска барам.
    Нема ДМ кај нас, а ми треба одма оти треба да ја расчешлам косата. Вака не можам. Така ми е сува па се миев и со шампон за првут.
    Дајте друг предлог ова ќе ја земам кога ќе можам.
     
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Оваа колекција би требало да ја има во секој подобро снабден маркет. Нема да ја регенерира косата како маската на Алверде, но ќе ја направи мноооогу полесна за расчешлување и визуелно ќе го замаскира оштетувањето.
    gliss.JPG
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.405
    Допаѓања:
    250.396
    Има вакви мислам. Тогаш ќе ја земам ова маска па во прва прилика на Алверде.
    Фризерот ми препорача да купам од кај него на BlondMe, убава е да, ама 1200 ден е. Многу ми е.
    Ова поефтина е така?
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @JuLleE ако имаше од каде да земеш некоја од маските на kallos, не верувам дека ќе зажалиш. И мене косата ми беше плава и изгорена, плус виткава што никако не сакаше да "омекне" и да почне да се витка, па со kallos маска ми се среди. Одамна не ми била во толк добра состојба косата.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Максимум 250 денари :)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.405
    Допаѓања:
    250.396
    Тешко ова кај нас. Ако одам накај Ск може да земам и од ова да пробам.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    81.297
    Пол:
    Женски
    Овие маски ги има во поснабдените маркети Јуле, во Тинекс можеш да ги најдеш без проблем.
    Вреди, верувај. Штом успеа да ја „смири“ мојата разлетана коса, тогаш верувам во било какви чуда. :D
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DiFlove

    DiFlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2016
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Каде ја има маската и на која цена е?
     
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Во Дм, околу 200 ден :)
    @lost123
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.818
    Допаѓања:
    57.832
    Пол:
    Женски
    Каде може да ја најдам и која цена е? Фала
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.441
    Пол:
    Женски
    samo maslo moze da ti ja spasi kosata.kokosovo arganovo ili maslinovo.se drugo e na hemiska baza.eve @Biodevojka neka kaze :)
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    14.419
    Пол:
    Женски
    Јас лани од темно кафена за еден ден станав платинесто руса. Можеш да замислиш во која состојба ми беше косата... :worried:
    Многу ми помогна кокосово масло (од тегличка) мешано со некоја маска или регенератор ( јас, конкретно, го користев путерот на Алверде, но пиша дека нема Дм во твојот град). Ги ставав на благо навлажнета коса пред миење, ставав кеса и загревав со фен. Ја виткав косата во пешкир и држев колку можев повеќе.
    Побарај по фризерските салони (ги има и во помалите) ампули на swarchkopf bc shot или некои кератински. Обично се по 200-300 ден, доволни ти се 4-5, а се ставаат еднаш неделно.
    Пробај да најдеш шампон и маска за коса на Kallos, ако има Веро или Тинекс во градот кај што живееш. Ако не, Pantene pro-v шампонот и регенераторот ми помогнаа многу.

    И најдобронамерен совет, шишни ги врвовите барем малку, оштетените краеви ниедна маска не ги оживува.
     
    На marchi-cool и JuLleE им се допаѓа ова.
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга мора да ги шишнеш врвовите, џабе сите работи ако имаш расцветани врвови (не изгледа естетски).
    Доколку сакаш домашни маски пробај на база на авокадо во комбинација со маслиново масло, потоа банана со некое масло на пример кокосово, или пак маслени третмани (хот оил третман) со чисти масла на пример арган, кокос, макадамија, ленено масло (кое е фантастично за многу оштетена коса), рицинусово (секогаш во комбинација со некое друго, само е многу тешко), маслиново и.т.н. Доколку модераторите ми дозволат (ако не слободно нека бришат) еве неколку линкови од маски за коса

    http://biodevojka.blogspot.it/2017/01/blog-post_8.html

    http://biodevojka.blogspot.it/2016/01/3-1.html

    http://biodevojka.blogspot.it/2015/12/blog-post_17.html

    https://biodevojka.blogspot.it/2017/01/hot-oil-tretament.html

    Ако сакаш готов производ и јас се колнам во маската на алверде. Станува збор за путер за коса, ама верувај ми му нема рамен!!! Поздрав.
     
    На eliesaab, marchi-cool, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.405
    Допаѓања:
    250.396
    И јас за еден ден станав плавуша, така да врвовите се само изгорени. Ќе ги шишам, ама фризерот ми кажа најмногу за месец да идам. Планирам после 20-ти август.
    Овде имало на Kallos маски и шампони. Ќе земам таква, за оштетена коса така?
    Во прва прилика на Алверде.
    Инаку кога ќе бидам послободна може да ги пробам и оние маски од @Biodevojka .
    Фала девојки за советите, јас маска не ставав до сега, етен ретко, ама сега ми треба и на зор сум ептен:).