Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маски за коса

Дискусија во 'Коса' започната од easyyyyy, 15 април 2011.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Внимавај само маската што ќе ја купиш да не содржи силикони, оти џабе ти се сите третмани со масла и авокада и банани, ако косата ја обвиткаш со силикон кој нема да дозволи ништо да продре до влекното. Исто така земи и шампон без силикони. Ова е само мој предлог секако, ти користи она што сметаш дека треба. Поздрав.
     
    На marchi-cool и JuLleE им се допаѓа ова.
  2. Kathrynn

    Kathrynn Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka со што би можела да искомбинирам шеа путер и да си направам домашна маска за коса?
     
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, ако сакаш маска која ќе ја чуваш во кутивче од крем (чисто секако) и ќе ти трае сигурно 6 месеци пробај ја оваа



    Без разлика на тоа што пишува крем за егзема (одлична е и за таа намена) двете состојки шеа путерот и кокосовото масло се фантастични и за коса. Евентуално може да направиш мала измена 60 гр. шеа путер, 30 гр. кокосово и 10 гр. рицинусово, за да биде побогата маската, затоа што и рицинусовото е одлично. Доколку немаш кокосово може маслиново, бадемово, макадамија.

    Втора маска која трае до 2 месеци е оваа:

    http://biodevojka.blogspot.it/2015/09/blog-post_14.html

    кој всушност е путер за коса само наместо какао путер, стави шеа путер. И двете се одлични ккако третман (ги имам и двете пробано). Таа што ја направив за егзема во видеото јас лично ја користев за косата и одлично ја негува.

    Во зависност од состојките кои ги имаш дома пробај една од овие две. Ова е најлесно оти еднаш го правиш а го користиш кога имаш потреба (не мора на секое нанесување на маска да го правиш).

    Ако сакаш друг вид на маски само пиши ќе ти дадам веднаш рецепти.

    Поздрав.

    п.с. да не заборавам се нанесуваат на благо навлажнета коса.
     
    На Kathrynn му/ѝ се допаѓа ова.
  4. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka прочитав во претходните коментари дека се разбираш со маски ми треба помош мене.
    Имам густа виткана коса не ми се мрси често или кога ќе се измрси само коренот ми е мрсен.
    Дали поради косата врвовите и сега да ги скратам утре ќе бидат распукани и суви.
    Над челото косата почна да ми паѓа ми треба некоја маска за да биде мека и витална косава.
    фала
     
  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, ако те разбрав добро сакаш некоја маска за интензивно хранење и омекнување на косата?
    Пробај некоја од овие:

    http://biodevojka.blogspot.it/2016/01/3-1.html

    http://biodevojka.blogspot.it/2017/01/blog-post_8.html

    http://biodevojka.blogspot.it/2015/12/blog-post_17.html

    Исто така една одлична состојка за виткана коса е какао путерот. Може да направиш маска со какао путер (шретходно стопи го), рицинусово масло, маслиново масло и жолчка од јајце.

    1 жолчка од јајце
    2 супени лажици какао путер
    1 кафена лажичка рицинусово масло
    2 кафени лажички кокосово или маслиново масло

    Тегличката со какао путер стави ја претходно во врела вода или на пареа за да се стипо дел од содржината и земи две супени лажици стопено масло, помешај ги со останатите состојки и нанеси ја на благо навлажнета коса само по должината (онаму каде е сува). Завиткај со ќеса и пешкир и загреј малку со фен околу минутка. Остави така саат време па измиј со убавшампон. Те молам исфрли сѐ што имаш од шампони со силикони и пробај некој убав како на пример алверде со авокадо кој е одличен за сува коса. Исто така и регенераторот исклучиво без силикони. Кога ќе ставаш регенератор помешај две супени лаици регенератор (или една во зависност колку ти е долга и гиста косата) и исто толку лажици мед. Нанеси ги на косата по должината особено на врвовите, почекај минута две и измиј. Ако имаш ептен долга и густа коса зголеми ги количините.

    За стајлинг никако силиконски капки оти силиконот суши или масти (кај секој дава различен ефект). Нанеси или чисти масла, или кремот на Балеа кој е одличен со кокос и праска или нешто слично беше,

    [​IMG]
    или пак најдобро за твојата коса путерот на алверде од авокадо.

    [​IMG]

    Ако ти треба нешто друго слободно пиши. Поздрав.
     
  6. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    да да баш за таква коса ми треба неможам веќе да ја поднесам косава моја планирам и шампон да сменам.
    Состојките се одлични ке ја земам оваа маска од дм се надевам дека малце ќе ми ја омекне косата
    фала ти многу ако нешто ми треба ќе ти пишам имај убав ден :hug:
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.642
    Допаѓања:
    45.058
    Пол:
    Женски
    Јас ја добив на подарок Elseve златната на Loreal, но до сега не сум користела маски за коса и се мислам дали да ја пробам оваа, па ако може некој да ми каже ако ја има користено, и како би можела да ја употребувам? :)
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @orevka и јас имам виткава коса како твојата, нормално е дека виткавата е посува. Мислам дека путерот од алверде одлично ќе ти одговара иако не сум го пробала. Јас планирам сега регенератотрот да го земам. Претходно за едно патување земав travel size регенератор од био-арган и био-бадем од алверде, многу многу убаво мириса и косата ми ја омекна ептен, а ептен тврда беше водата и мислев ќе одам како був цела недела :worried:
    Јас за стилизирање ја имам користено портокаловата крема од балеа, ок беше ама ништо посебно. Исто имам пробано и само малку, колку зрно грашок од регенераторот на алверде да ставам на рака, да ги навлажнам рацете и да го растресам низ косата. Супер ми изгледаше, веднаш се освежуваше косата а не ја мрсеше.
    Јас сега ќе одам на одмор, а косата ми е црвена фарбана. Бојата ми паѓа за 2 недели а јас ќе бидам таму 16 дена :worried: Не сакам да ја фарбам толку често и плус ако сакам да ми држи морам да ја исфарбам непосредно пред одмор и на крај сигурно ќе ми падне за помалку од 10 дена. Ич не ми се допаѓаше идејата, па решив со колор шампон да пробам како ќе излезе. Резултатот ми се допадна, и солидно држи. Си мислам да ја бојадисам со колор шампон непосредно пред да идам, а за нега се мислев да земам од 5 во 1 капките за заштита од топлина на алверде и регенераторот од авокадо, или тој од арган и бадем ако го најдам. @Biodevojka ги имаш користено/видено капките? Извинете за долгиот пост :$
    И уште си мислам дали и еден колор шампон да си земам за да ја освежам бојата по потреба, или ич да не се замарам :?: Ама со секојдневно капење секако за една недела ќе ми падне и можно е да бидам пола плаво-црвена, пола кафеава :worried:
     
  9. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Има една маска незнам како се вика во жито 140 ден мислам дека е кило.
    За секаква коса дури и фарбана преубава маска.
    Инче земав чичово масло ставам на цела коса и држам саат-два и после ја мијам прекрасно е мека.
    Иначе за маската од дм ќе ја земам најверојатно ова недела или следната пошто се спремам за одмор па на одмор ќе ја користам.
    Имам пробано со матени јајца пола сат да ја држам косата и тоа ја омекнува многу
    Од топлово на сите косите метли ни станаа
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Од калос да не е? Или генера? Тие се тие маски од кило :?:
     
  11. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Искрено знам само првата буква како што се сеќавам на е мислам дека беше бела туба со некои црвено-црвено темно букви.
    Не ја имав али од другарка еднаш пробав не сум отишла во жито да ја побарам
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не бе, доста ми е. Јас од Калос ја имам, едно кило додека ја потрошиш :worried: среќа како крем за бричење ја користам :D Плус ми се засити косата, сите тие имаат силикони, на почеток изгледа супер - после додека е на глава маската е мека, чим ја исплакнеш ко ништо да не си ставил, едноставно не ја впива косата, а на пример со регенераторите на алверде го немам тој проблем. Ќе си купам регенераторот на алверде и 5 во 1 капките :)
     
  13. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Во право си дека после како ништо да немаш ставено али имам некои производи што сум ги пробала и не се случува така.
    Чичовото масло,маска кило ја купив од фризерски салон и таа маската што незнам како се вика.
    Уште да ја пробам маската што горе една феминка ми ја препорача од дм
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    За таа ти пишав и јас да ја пробаш, јас ќе го земам регенераторот од истата линија, сигурна сум дека ќе ти влијае позитивно :wasntme:
     
  15. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Ќе пробаме или ќе ни падне коса или ќе ни биде убава хехехехех
    Ако не пробаш нема да знаеш дали вредело така викаат.
    :makeup:
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    И мене истото ми се случува, а гледам и од еден балзам исто така што го користев. Кој состојки во маската можат да придонесуваат до поголемо опаѓање? @Biodevojka дали некоја состојка го предизвикува тоа? Досега не сум имала ваков проблем, можеби е и до времево но сигурно е и до маската донекаде. Иначе силикони не пишува дека има во мојата, но парабенот ме стави во мислење.
     
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга за жал не постојат универзални состојки, кај секого е различно!!! Поздрав.

    Драга лично капките ги немам пробано, ама од алверде чим се сто посто се природни. Може декларација да ми постираш ако дсакаш за да ги видам. Поздрав.
     
  18. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам, читам дека маска се нанесува еднаш во неделата. Јас успеав косата да ја мијам еднаш неделно и да си го намалам проблемот со мрсна коса. Сега, незнам дали после шампон прво да ставам маска па регенератор или обратно? Исто така, читав дека маската можела и на сува коса да се става пред туширање. Како правите вие?
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.441
    Пол:
    Женски
    regeneratorot e za sekojdnevna upotreba a maskata ednas nedelno,jas naizmenicno stavam na edno mienje maska na slednoto regenerator,nemas potreba dvete da gi stavas na edno mienje
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.818
    Допаѓања:
    57.832
    Пол:
    Женски
    Маската ја ставаш 1-2 неделно и ја чуваш колку време повеќе можеш до миењето.
    Регенераторот е за секојдневна употреба. Јас лично кога ставам маска, регенератор во тоа миење не користам.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.