Генера од кокос ја купив пред некој ден и се воодушевив. Косата ми е многу мека, смирена за евтини пари. Пробав многу поскапи маски коишто воопшто не ми одговараа, но конечно си најдов соодветна. И јуникот црвен го нанесувам пред сушење на косата, има многу добар ефект.
Јас ја користам маската за коса на Ziaja и имам пофални зборови за неа. Маската е со путер од какао и е наменета за сува и оштетена коса , има прекрасен мирис Јас имам кадрава коса и онака баш оштетена коса и морам да кажам дека е одлична , добро ми ги оформува локните , косата многу лесно се расчешлува од неа , дава сјај и мирисот се задржува на косата до 2 дена . Ја нанесувам после шампонирање и да стои 5-10 минути и се измива . Веќе 3 пакувувања земам Цената е 155 ден. од кит го маркет
Женски, само што ја купив маската за коса од Алверде со шеа путер, бидејќи читав дека доста ја фалите. Проблемот е што, воопшто не ми се расчешлува косата. Знам дека не треба да се чешла на водена, ама неможам поинаку и буквално ја искинав. А од друга страна, кога ќе ја исушам ми е многу мека на допир. Дали можеби јас нешто правам погрешно? Колку време треба да седи маската на косата?
Пред миење немам ни потреба, ама после тоа ми се заплеткува бидејќи ми е доста долга и морам да ја исчешлам поготово краевите. Досега не сум имала проблем со сите други маски што ги користев, ама ја зедов оваа како поубава, на природна база, али ете тоа не ми се допадна. Можеби треба подолго да ја држам на косата.. Ќе пробам, ако не, ќе морам да се вратам на старата маска..
Ако долго пред тоа си користела стандардни средства за нега на косата со силикони, рекацијата на заплеткана коса е сосема нормална зашто влакното минува низ процес на чистење од сите наталожени силикони и прилагодување кон новиот начин на нега. Исто може да се јави сува коса, плеткање, нескротливо влакно, но се нормализира откако ќе се навикне косата. Далеку од тоа дека нема да ти се плетка никогаш повеќе, туку ќе се намали и нема да биде како сега. Рано ти е за каков било ефект од путерот, особено ако користиш шампон со силикони.
Предобра маска, ја користам само две недели ама веќе се забелжува подобрување, одлично ја расчешлува косата ја права мека и сјајна, баш тоа и фалеше на мојата оштетена коса. Маската е за фарбана коса, 1 кг е 650 ден, јас ја зедов од кај фризерката.
Не сум користела шампони со силикони, баш напротив се стремам да купувам најприродно што може. Од друга страна, што се однесува до маската која ја користев досега, навистина немам проверено што содржи. Мајка ми ја зеде, па ја пробав и јас и еве ја користев веќе долг период. Сепак сакав да ја пробам оваа со шеа путер бидејќи многу ја фалевте. Има логика, можно е да му треба време да се прилагоди. Ќе продолжам да ја користам засега па ќе видиме. Фала ти
Препорака за органска маска? За сува,оштетена коса,со малку масен корен. Мајка ми земала калос таа со кератин,со зелено,знам дека не е добра воопшто,иако ја прави мека и мазна косата,па таа ја користам периодов. Инаку користев на лореал,елсев со глина зелената,т.е регенератор,a има и маска од истата линија. Дали да продолжам да ја користам истата?
Алверде, од авокадо. Може да се користи пред миење на косата, да ја оставиш да постои па да ја измиеш. Или можеш по миење да нанесеш, без плакнење потоа