Затоа што наводно само го обложува влакното и тоа делумно изгледа здраво и сајно, но под тој слој од силикон се гуши и “гние”. Е сеа, тука има милион контроверзии околу шампоните со силикони и сулфати и кое е поштетно и дали силиконите кои не се раствараат во вода сепак можат да се измијат, ама не сум стручна да дискутирам на таа тема
Силиконот не е штетен за косата.Штетен е за скалпот,затоа не треба да се користат шампони со силикон.А за влакното...не постои ништо друго освен силконот што го штити од надворешни влијанија (топлина,сонце,студ,механичко влечење и триење),така да е неопходен за здрава и убава коса.
Драга до скоро не се знаеше какво дејство има силиконот врз кожата и косата. Ја обвиткува прави еден вид на маска и го оневозможува правилното дишење на кожата. На косата исто така се акумулира и дава лажна слика на мазна коса а под него влакното е задушено и неможе да дише. Многу тешко се птстрануваат од косата и ја отежнуваат. Поздрав.
Јас ја имам пробано таа со портокалово капаче , не содржи силикони и е со 98% природни состојки . Има три намени , јас ја користев како маска и после 5-10 минути ја плавев . Текстурата е како смути има овошен јак мирис кој не се задржува на косата по миењето , имам кадрава коса и не ми ја расчешлуваше баш толку добро како пример Pantene маската , не приметив подобрување на косата не бев посебно изненадена , не дава баш сјај и големо потхранување.
Па вака девојки, јас имам користено секакви маски за коса но за жал никогаш не го добивав посакуваниот изглед на косата.Од секогаш сум сакала да имам права коса но за жал го има спротивното имам виткана и е мн тешко за одржување. Искрено ми се смачи да фрлам пари на маски за коса а ефект никаков. Една другарка ми кажа да ставам жолчка од јајце и три лажици мадлиново уље. Ја намачкав целата коса и тоа го правев 2-3 пати неделно. Луѓе дали знаете дека косава за месец дена педа и пол ми порасна и тоа што ми беше изгореното ништо веќр немаше. Значи навистина вреди да се проба
До сега имам користено само природна маска за коса. На мокра и убаво измиена коса ставав жолка од јајце и кафе. А белката ја ставав да ми отстои на лицето додека стои и маската на косата. Преубаво ми делуваше. После таков третман и косата и кожата на лицето ми беа освежени и сјајни. Ќе пробам некоја маска за коса од ДМ па ќе споделам. Од Лореал.
Jas ja koristam ovaa maska na KALLOS i sum prezadovolna. Imam vitkana i mnogu suva kosa, maskava mi oformuva lokni i mi ja omeknuva kosata. A i premnogu e evtina 1000 ml za 180 den