Феминки побарајте во аптека, но ја нема во сите, GAIA се вика масаката за коса, околу 120 денари е , ништо поубаво не сум ставила на коса, одма ја омекнува, нема потреба од чекање и стоење со маската на коса... големо паковање е како Генерата но е 100 пати поубава... ја расплеткува и омекнува и најзаплетканата и најоштетената коса... вака изгледа
јас ја користам Genera маската за коса како на сликата само плава и супер е ја омекнува косата и брзо се расчешлува по бањање
на македонската етикета да пишува , ради маркетинг , ама на италијански превод ....крема за регенерација со огрооомни букви crema rigenerante
Сум ја користела маската за коса на Garnier Fructis за сјај и многу бев задоволна,потоа ја купив на Hobby беше околу 100-120 денари и прилично бев задовона и од неа,сега ја користам на Genera таа што е со портокалево капаче со мирис на кокос и од неа сум прилично задоволна. Но наредно би сакала да ја пробам на Orzene или на Pantene и нивната цена е прифатлива околу 200 денари........всушност би сакала некоја полесна маска за коса која не е за оштетена и сува коса,туку за измазнување и сјај на косата,а овие на Orzene и Pantene по природно ми делуваат за разлика од Loreal и Gliss.....
Генера сината ама воопшто не ми се допаѓа..ја имав претходно зелена и беше 1000 пати подобра...земајте што ке земате само не сината на генера...
Тоа крема се однесува на тоа во каква состојба е бидејќи постојат и маски во течна состојба (во вид на ампули),а под тоа крема пишува маска и за каков тип на коса е наменета. Инаку јас ја користам зелената Генера
ait баш пред некој ден во веро ги гледам маските и има маса...знаци на неа си писува маска убаво на италијански а има и регенеративни креми
Женски,што мислите - Баш сум неодлучна И,да не заборавам како сте задоволни од оваа маска посебно?Затоа што го користам шампонот мноментално и перфектен е па мислам да ја земам маскава.Но,на интернет имаше и негативни коментари за неа Па,бидејки вас најмногу ви верувам,тие што ја користеле нека пишат како се задоволни
Од Лореал жолтата со црвено капаче немој да ја земаш, јас ја користев и ич не ми се допадна и неубаво ми мириса. Втората од лореал, со матичен млеч е преубава, одлична е за сува коса и мириса преубавооо . Исто и розевата од Лореал ми е преубава (хммм, не можам да одлучам која беше подобра, дали розевата или оваа со матичен млеч ) А за глис црната не знам баш да ти кажам, општо за целата колекција ultimate repair имам слушнато пофални зборови и многу убаво ми мириса, на чоколадо. Оваа маска не сум ја користела,имам користено од другите маски од глис и многу ми ја мрсеа косата. А останатите производи на глис се преубави, единствено од маските не сум задоволна.
Епа од тоа и мене ми е страв,да не ми се измрси косата а не е малце пари Или па да не е многу тешка..што знам.Оо зошто си ме мајко родила вага во подзнак ?? Јас особено се интересирам за розевата и белата маска од Лореал,најпривлечни ми се некако.
Јас имам маска за коса од Докторс, за фарбана коса е поточно. Убава е, јас кога ставам уште додека ми е маската нанесена ја чешлам косата со чешел со многу запци за да фати маската насекаде убаво Потоа ја измивам откако убаво ќе ја исчешлам.
Зависи каков тип на коса имаш. Ако имаш сува коса пробај ја белата од лореал, а розевата мислам беше наменета за долга коса, за сјај, така нешто..... Јас двете ги имам користено, и искрено, не можам да се одлучам која беше поубава. А исто и прекрасна е loreal total repair 5, не знам дали си ја користела досега, мене и таа ми е прекрасна.
Имам долга над половината,сува и оштетена. Ваљда ќе ја земам оваа розевата,па за впечатоци ќе ви пишам