Не знам дали некој ја користел оваа маска,ама јас ја земав малечката амбалажа за 87 ден од жито маркети и можам да кажам дека за такво не ја бива.Ај шо косата ми се залепи,туку и ми ја истутка....првин мислев дека не е до маската,а сега после 3 миења гледам дека во нејзе бил проблемот,нити ја омекнува ништо...џабе фрлени пари..... демек со арган како не бе...... ужас
Прашував и претходно тука, но не добив одговор, па сега би сакала да прашам малку поинакво прашање т.е дали знаете некоја сигурна онлајн страница за козметика и сл, од каде може да нарачам маска за коса?
Ја има некој користено маскава? Многу е фалена ама еве веќе 4-5 пати ја ставам и баш си ја осеќам крута косата, воопшто го нема она лизгање на косата низ прсти, барем додека ја измиваш маската под туш. Напротив, ми се плетка косата околу прстите. Не знам, да не правам нешто погрешно не е баш ефтина, околу 900 денари ја земав...
И како си задоволна? Јас би ја користела без да ја измивам. Може да се спореди со Млекото од балеа? Ако си го користела воопшто
Прееска ставив на благо навлажнета коса од маската помешана со кокосово и маслиново масло ќе пишам сабајлето импресии кога ќе ја измијам косата планирам вака да преспијам,иначе маската нема нити парабени ни силикони
Предлог маска за коса без силикони која би се употребувала после миење на косата, без плакнење? (освен на Алверде путерот од авокадо)
Од тие што ги имам користено на Калос зелената маска ама приметив дека ми прави косата да изгледа ретка и залепена и ми паѓаше,а ја купив дека беше фалена тука. Црната на Глис ми беше преубава има кератин во неа и прекрасно мириса
https://puls24.mk/маска-за-тенка-и-слаба-коса-чини-само-20-д Оваа маска мислам ќе е добра за мојта коса посебно, бидејќи циметот ја осветлува, а сакам посветла коса, но пишува дека се нанесува со четка како фарба за коса. Па ме стра имам слушнато дека после нема да можам циметот убаво да го измијам од главата и можеби косата да не ми отиде накај портокалово осветлувањето