Барав за виткана коса, не најдов во ДМ, па оваа ја земав. Како помалку се масти косата за да се користи, може со плакнење и без плакнење да се користи, затоа што брзо ми се масти косата, се надевам не се зезнав со маската.
Предлог маска за тенка коса бргу ми се заплеткува не ми беше таква косата незнам зошто ми се смени ... И почна да ми паѓа овој период
http://biodevojka.blogspot.com/2019/06/dr-konopkas.html?m=1 Пробај го овој производ, за кој неодамна прочитав рецензија кај Биодевојка. Шампон е, не е маска, но според тоа што го опишуваш, ќе ти реши 2 проблеми во еден, ем нема да ти се заплеткува косата, ем ќе ти го намали опаѓањето. Јас лично не сум го користела и не можам од лично искуство да ти потврдам, но ете Биодевојка доста го пофали па можеби вреди да пробаш.
Кокосовото масло е идеална маска за коса, во смисла за опоравување на оштетена коса, потребно е да се држи најмалку пола саат пред редовното миење со шампон и маска, кои стандард ги користиме.
Препорачајте ми некоја маска за коса да и даде живот, косата ми е здрава но бидејќи неколку пати ја фарбав имам чувство дека ми е сува.
Пробај домашна маска со јајце,банана и маслиново масло...еднаш неделно ставај ќе се изненадиш од резултатот
Каде може да ги купувам производите за коса (маска, шампон, спреј) на Keune (на оние белите мислам) најефтино? Космо и ДМ цело време се натпреваруваат кој повеќе ќе ги покачи цените, од 900 ден. сега дојдоа на 1.100 ден. / 1.200ден. по прозвод
Путерот за коса од Алверде од авокадо ми е некако незаменлив. Потрошив неколку пакувања и дефинитивно сакам нешто ново да пробам, но со поприродни состојки, а од Алверде и не наидов на ништо интересно. Предлог некој? Ја земав и кокосовата вода од Балеа, ама ми нема никаква посебна функција.
Ја земав маскава да ја пробам и задоволна сум ја прави косата сјајна и мека и лесно се расчешлува,сакам и кремата да ја земам за проба.