Ја користам моментално, презадоволна сум од маската има преубав мирис и ја омекнува косата и без да користам спрејови пред фенирање. Дефинитивно ја препорачувам. Дури за мене е подобра од фамозната банана маска на Гарниер. Кога сум веќе на таа тема, јас од бананата немав некоја значителна разлика во мекоста и изгледот на косата истиот ефект а може и подобар сум го добивала со маскине од Калос. За мене воопшто не се погоди и не верувам дека ќе дадам толку пари пак на маските од таа линија.
Истото го мислев и јас,дека немам никаков ефект од маскава и се чудев зашто сите толку ја “величаат”,но откако целосно ја сменив рутината и производите за коса сфатив дека е најдобрата маска што некогаш сум ја пробала. Преминав на шампони без силикони,сулфати и др. штетни состојки и ја исчистив косата од нив.Исто така и од макадамија ми е преубава. Мислам дека треба да и дадеш шанса.
Јас ги купив ептен е добра цената а маската е многу убава , ја омекнува косата и лесно се чешла , исто така мирисот е многу убав и се задржува долго..
Девојки, навистина ви помага маската од Алверде со авокадо? Ве читам постојано и многу ја користите, не знам зошто само јас не гледам никаков ефект. Многу тешко ми се расчешлива косата со неа, некако не ми ја омекнува. Не знам дали да му дадам шанса подолго време, макар што мислам дека ќе ја искинам косата до тогаш. Моментално користам маска од Калос и многу повеќе ми помага во расчешлување.
@Annora, за мене лично маската на Алверде е магија во пластично пакување ама веројатно не реагираат сите коси исто. Претпоставувам ја користиш пред миење. Ставај ја пред секое миење, држи ја подолго отколку што пишува на упатството и ако откако ќе го потрошиш пакувањето нема промена, едноставно таа маска не е за тебе. Само да нагласам, после неа обавезно ставам силиконски капки. Кај мене не го олеснува чешлањето, ама го подобрува општиот квалитет на косата. Сепак ќе те прашам- да не ти е косата премногу оштетена од фарбање или пеглање? Ако е време за кратење, штом викаш дека ти се кине, подобро скрати ја и почни од почеток со негата, отколку да се изнадаваш пари за џабе, зошто многу оштетена коса ништо на светов не ја оправа. Ако бараш навистина екстра маска, би ти ја препорачала Elseve Total Repair 5 Extreme.
И јас се мислев да и дадам шанса уште некое време и онака неодамна ја зедов. Инаку косата би рекла дека ми е нормално изгорена ама многу сува. Не ја пеглам, баш напротив многу внимавам, ама ми е многу долга и обично краевите многу се заплеткуваат. Инаку мислам дека порано ја имам користено маската од Elseve и ако се сеќавам добро бев презадоволна. Ама еве ќе дадам шанса на Алверде некое време, бидејќи на сите ви се допаѓа, па да видиме дали ќе осетам некаква разлика. Фала ти ^^
Ако претходно не си користела препарати за коса со поприроден состав, тогаш да - веројатноста е голема путерот со авокадо од Алверде да ти биде слаб или да имаш чувство како да не прави ништо за твојата коса. Имај на ум дека и тоа има многу големо влијание во однос на тоа како нештото делува на коса/кожа.
Да прашам дали маските на гарниер хеир фуд може да се користат за масна коса,да не ми ја мрси бетер после?
И јас не сум задоволна баш-баш од маската од авокадо на алверде. Долго ја имам, ја ставам коку да ја истрошам, препорачајте друга на алверде. Видов зборувате за маска во пластично, на алверде . За која се мисли ?
Таа со Банана ја користам веќе месец дена. Подобро нешто немам ставено на косава. Најчесто ја користам како маска. Би ја купила пак, кога ќе ја потрошам. Малку ме иритира мирисот ( не сакам арома на банана), ама за убавина ќе си трпам.
Одамна ги меркам,ама незнам дали се за масна коса,да не ми ја мрсат косата уште повеќе? А инаку сакам да ги користам за да ми биде косата мазна свиленкаста мека,дали имаат таков ефект?
@MiAmor Јас имам нормална, само проблем со расчешлувањето на врвовите имав. Без Глис немаше теоретски шанси да ја исчешлам. Ќе се испокубев, ќе ја испокинев и на крај пак нечешлана. Со маскава немам проблем, од пола надолу ја ставам и 2-3 минутки чекам и ја измивам. После маскава косата ми се прероди. Мека е, сјајна е. Ако имаш некој близок да ти даде да тестираш дали ти одговара. @Anabelle.Amorette Супер состав имаат. http://www.cosdna.com/eng/cosmetic_3361377227.html