ГТЦ и Градски ѕид. Можеш да ги прашаш и на фб во порака или на инстаграм, ќе ти кажат кај ја има. Јас секогаш им пишувам вака па си наоѓам што ми треба.
Маската подлабински навлегува и регенерира. Во голема мера се поклопуваат во функцијата, но маската дава еден вид на хидратација на влакното, освен што го регенерира. Исто така дејството на маската се осеќа подолго отколку на регенераторот. Затоа и регенераторите се погодни за секојдневна употреба (или онолку често колку што користиме и шампон), додека маската се препорачува да се користи 1-2 пати неделно.
Јас препорачувам природни маски - кокосово масло со жолчка, бадемово масло со жолчка, јогурт и авокадо. Мислам дека би имале подобар ефект од хемиските маски.
Си купив неодамна првпат маска за коса и имам едно доста глупо прашање зашо не се разбирам баш у овие работи. Маската за коса на крај само со вода се мие или и пак со шампон? Прошли пат ја измив со шампон ама не приметив некое посебно дејство од маската, па си викам да не згрешив шо така ја измив косата.
Од мое лично искуство ги имам сите 3 пробано и најдобра ми беше бананата , па макадамиа и на крај алое вера .. Одлична ! Веќе трето пакување ми е и долго ќе се дружиме
Јас моментално ја користам макадамија и убава е. Мириса убаво и косата е сјајна, лесно се чешла. Се мислев при купување дали оваа или банана, ама нареден пат ќе ја земам таа со банана.