Мене ми е убава, ако се исчешлам додека ми е на косата и после право ја исушам, косата ми е мека и свиленкаста, а инаку премногу оштетена коса имам. При сушење на косата се чешлам дополнително за да ми биде мазна и права.
Да ми препорачате некоја маска која ја омекнува косата , моментално ја користам на глис црната преубаво мириса ама косата ми е иста не прави никаква разлика дали сум ставила маска или не ,косата ми е сува од фарбање па сакам некоја маска која мириса убаво и ја омекнува косата.
Едно можда нелогично прашање. Маската за коса ја редите само на врвовите и на долгата коса а на темето не, така?
Од корењата 2-3 прста надоле секогаш гледам да ставам ама бидејќи сум малку несмасна не ретко оди на цела коса Немаш проблем никаков
Строго од должина на ушите, па надолу. Колку и да е природна една маска за коса, не е предвидено таа да се нанесува на темето на главата. На коренот се нанесуваат само шампон и евентуално масла пред шампонирање, природен чај и ретко, по потреба разреден органски јаболков оцет. Зависи, имаш хидратантни, протеински и комбинирани. Може да се најдат солидни маски и кај нас.
Ееее тие seri неколку страни претходно ја објавив мн ми е добра мене поклон ми беше сега никаде не можам да ја најдам. Да не знаеш од каде можам да ја набавам??
Фризери само. Тие порачуваат од дистрибутер. Барај од овие што работат со Фарком. Обично тоа се локални, помали салони. Не барај во познатите салони, таму работат со Wella,Schwarzkopf и некои други попознати брендови.
Кој ја пробал си знае, поефтина и поубава од оваа нема. Со години неможев да ја најдам (пред едно 10г ја имав користено и иста е и сега скроз) и ја начекав во Жито, 100 и нешто ден е. Косата ми е преубава, многу убаво мириса косата и трае , а и најлесно ми се чешла, абе магична ми е маскава, најубаво нешто што сум користела за коса. Пробајте за 100 ден нема што да изгубите. @angelche16 ти си со долга, пробај ја маскава нема да зажалиш, да видиш лесно чешлање што е Иначе ова во средина го имав користено одамна мн и беше баш магично. Како и маската горе што ја ставив, ова многу убаво ми делуваше на косата, сјајна, лесна за чешлање, мека. И тоа беше такво густо како маската. Но ми беше подарок... Да не знае некој каде ги има И дали ги има кај нас? Во околниве држави некаде?
Пред некое време ме цитираше една членка неможам да најдам која точно,за маската од алое од гарниер да пишам како сум задоволна,епа еве после неколку користења можам да кажам дека сум задоволна не ми ја мрси косата,лесно се чешла,мека е. Не е мрсна како балзамине едвај да ја исплакнеш од коса,баш одма си се мие ,е сеа јас само како маска ја користев, пошто е 3 во 1 може на 3 начини да се користи.
На сите три начини ја користам и одлична ми е. И таа од макадамија ми е одлична исто. Дефинитивно се маски кои би ги купила пак. Сега следно и папаја и гоџи морам да ги пробам.