Ако си фарбана, таа со гоџи можеби и најмногу ќе ти се допадне. Најубава по мирис ми е банана, ама околу негата и' нема рамна на маскава со гоџи. Ниту ми е сува косата, ниту ми шкрипи кога се виткам или пеглам. Пак ќе си ја купам кога ќе ми се потроши, а планирав да ја земам таа со алое ама сепак не.
Предлог маска за коса? Да не содржи силикони и штетни чуда.. Користам шампон на алверде и се супер ама едвај ја расчешлувам косата, маска ми е неопходна..
Ја користам оваа: Не знам дали ова им е дисконтинуирана серија и кај нас се трошат залихите, или што е муабетот, во странство не можев да најдам ништо наречено elseve, сè се викаше elvital, па го најдов во ваква верзија: Имам долга права коса, посува, кога ќе ја искористам маската ко препородена си ја чувствувам косата.
Ја зедов вчера маската од Гарниер со банана, да ја потрошам старата што ја имам од Delia, и да ја пробам оваа, читам многу позитивни искуства за неа
Имам една маска за коса од 400мл, ја добив на подарок и ми стоеше некое време, па несакам веќе да стои џабе.Ако некој сака да купи маска нека ми пише ќе се договориме, ќе ви ја дадам за мала цена или џабе
А да пробаш и регенератор од алверде? И јас користам шампон алверде и многу тешко ја расчешлувам ако не ставам маска или регенератор.Го користам регенераторот од авокадо и ептен ми ја прави мека и убаво се расчешлува
Мене оваа ми е најубава и за ништо не ја менувам. Ја прави косата многу мека и сјајна и мириса преубаво. И само 1 минута треба да стои на коса.
Искрено не сум задоволна од маските на Genera. Ја имам пробано оваа и уште 2 други и нема никаков ефект, а косата ми е здрава. Бидејки е околу 130/150 денари би ти ја препорачала Cliven 7 vitamins маската бидејќи цената е во тие рамки а ја прави премека косата за разлика од оваа маска.
Мене регенераторот на нивеа ми е поубав од било која маска за коса овие во кутија ништо не прават џабе фрлени пари ама многу касно го сфатив тоа..
Некоја маска да ми препорачате за фарбана коса,сакам да ми ја прави косата мека некако многу ми е сува од фарбиве.
На Алфапарф за сува коса. Јас сум бланширана, премека ми е косата. Ја има во ДМ. За Космо не сум сигурна.