Колку е цената на Гарниер од банана? И каков ефект дава, да не биде само за мирисот... мене ми треба маска што вистински ќе ми ја хидрира косата.
Имам многу ретка коса и ептен тенко влакно, косата ми е како пајажина. Планирам да се пишам и да почнам да ја негувам косата па ваша препорака за некоја добра маска за коса?
Не е маска ова што ќе ти го предложам, но сепак е третман што се остава и не се плакне. Јас веќе трето шише купувам, многу сум задоволна. Kallos keratin. Спојлер: Состав
^ Ако има ретка и мека коса, значи се мрси многу брзо. Само да напоменам, ова спрејче многу ја мрси косата и и скратува еден ден. Ако нормално ја миеме на втор , трет ден, еден помалку.
Супер волумен дава овој шампон. Оваа маска има топ состојки а не ја мрси и отежнува косата за разлика од другите од оваа линија. Ептен ја остава косата мека и лелеава. Не знам дали имаш проблем со опаѓање, но овој серум драстично ми ја згусна косата. Преубав волумен дава кога ќе се втрие во скалпот после кратка масажа. Ако те интересира повеќе за него имам пишувано на мојот Инстаграм: https://www.instagram.com/skin.aficionado/
Надвор од темава малце, @skin.aficionado дури сега забележав дека е твој профилот на инстаграм, те следам од скоро и многу ми се допаѓа, само продолжи така
Изгледа производиве се од dm. Пошто нема dm маркет, каде што живеам. Инаку немам проблем со опаѓање. Дали можат шампонот и маската да се купат од друго место или да се нарачаат од некаде?
Мене многу ми одговараат маските на kallos, ама спрејов не сум го сретнала до сега, каде го има и колку чини ?
Јас го купувам во ДМ, редовна цена мислам дека е 180 и нешто ден, а јас го чекам кога е на попуст по 150тина ден.