Ги има некој употребувано маските за коса на Verona(полска козметика) 150 грама 86 денари ги има неколку видови прочитав на една пишува за исправување на косата,има со калинка со пченични протеини,со бамбусово дрво,па ако некој имал искуство со овој вид на маски нека напише некоја критика.
Total Repair 5 е најдобрата маска што сум ја пробала досега. Додека имав долга коса, ја правеше како свила, пеглање нонстоп, фризирање и незнам што уште не го спречија дејството на маската, косата ми беше како да ми е природна права или виткана! Но откако ја скратив, се скрати и дејството. Не знам зошто, но за долги коси е вистинскиот лек!
Mоментално оваа мелт ин од гарние,убава ми е,лесно се расчешлува косата а и не е тешка маскава како балсам е дури-што мене ми одговара
јас користев лореал розова, од неа страшно почна косата да ми опаѓа и веќе една година не престанува иако повеќе не ја користам маската... незнам дали да земам маска за коса повторно или да користам само регенератор...
А,како тоа ви паѓа косата од маска?Па маската не ја нанесувајте на коренот,туку од пола коса па надоле. Сигурно не ти е до маската,нема шанси. Плус паѓањето е нормално,нели во границите на нормалата,паѓа кога ја миеш,кога ја чешлаш,пеглаш.
А ако пишува на маската дека треба да се втрие од коренот до врвовите? Колку е паметно тоа? Иако пишува така, мене не ми се става маска на коренов штознам
^^ подобро не ставај маска на коренот.. побрзо ќе ти се измрси косата и плус од лично искуство кажувам дека ако ставаш близу до коренот паѓа косата..
Па да,обично на маските пишува од коренот до врвовите да се нанесе,ама тоа никако. Ќе ја измрси и сплеска косата. Поарно ставај ја по должината на косата...И најубаво е да се држи 15-20 мин,дури и повеќе доколку имате време.
Мене косата ми е мека и сјајна, ама ми е многу сува не се спојува во еден прамен насекаде се влакната разлетани, а сонувам за мазна коса.Сега планирам да ја земам маската на Генера.Некој да пише искуства од оваа маска, дали ја прави мазна косата и кое пакување од маската е за сува коса? http://www.google.com/imgres?q=maska+za ... iAQ&zoom=1
и маските и регенераторите ако се ставаат во коренот ја мрсат косата номално освен ако се нанесуваат маски повеќе природни кои потоа се измиваат од косата
Сакам да прашам...? Мене косата ми е мека и сјајна, ама ми е многу сува не се спојува во еден прамен насекаде се влакната разлетани, а сонувам за мазна коса.Сега планирам да ја земам маската на Генера.Некој да пише искуства од оваа маска, дали ја прави мазна косата и кое пакување од маската е за сува коса? http://www.google.com/imgres?q=%D0%BC%D ... EAQ&zoom=1
Сакам да прашам...? Мислам дека таа со портокалово капаче е за сува коса, мислам дека кокосово масло имаше. Јас ја користев пред некое време, супер е
Деновиве сакам да си купам некоја по квалитетна маска за коса,па ќе ве замолам некој што ги има употребувано Garnier Fructis и Dove да ми каже која од нив е подобра за не многу оштетена коса,повеќе би сакала косата да ја прави мазна и свиленкаста?????