Фала ви на одговорите, ќе ја пробам таа со банана, па наредно ultra doux ќе ја купам, таа со бадем многу убаво ми мириса.
Јас би ти рекла некоја од овие да пробаш. Јас ја имам жолтата и презадоволна сум,косата ми е помека,посјајна,убаво мириса и не ми ја мрси косата брзо. Кога ќе ја потрошам оваа планирам плавата да ја земам,а цената мислам дека беше 290 нешто така. И батали природни маски за коса јас од тие косата си ја упропастив пола година ја користев и викам ај ај ќе ми биде убава ваљда време треба и јок. Сува и безживотна. И плус се става од уши надоле,битно е силикон на корен да не се става.
На Гарниер само еднаш имам користено - Garnier ultra doux со арган и брусница. Косава ми беше тесто, џабе што ја стљвав. Никогаш повеќе. За фруктисот, не знам, не сум ги користела
Јас би ти ја препорачала оваа маска на Loreal - Absolut Reapir.-или златна маска како што ја викаат. Околу 1100 ден е, Покрај бланширана, многу е добра и за оштетена коса, која често знае да се оштети од бланшот.
Не можам да напишам доволно зборови колку ја обожавам! Косата ми беше сува и кршлива и решив да и посветам повеќе внимание. Ја зедов оваа маска и сум презадоволна, како свила ми е, лесно се чешла, има заштита од ув зраци, не ми паѓа и преубаво мириса. Едит: да напоменам дека косата ми е бланширана.
Јас ја користам оваа за многу сува бланширана коса, одлична е. Ја користам со шампонот од истата линија
Ејј фала тии...јас до сеа мислам дека сите маски ги имам пробано ама пресува ми е косата и ништо не ми помогнало до сега, се надевам оваа маска ќе ми ја оправи косата.
Ќе ја држиш маската на косата 15 минути и претходно засуши ја со пешкир пред да ја нанесеш. Така маските подобро се "впиваат" во косата.