Од каде може да ја купам маската Revlon uniq one, ама да не е со достава? Во некој фризерски салон можеби? Во dm само спрејот го има.
Реално секое искуство е индивидуално, но кај мене се покажа убава. После постојано користење на Пантенот маските оваа ми е најдобра замена. Друго не признавам
Сега ја купив и јас,ја користам со капките заедно и океј е,убаво мириса ама не би ја купила повторно.
Мене оваа ми беше преубава и се покажа најдобра од тој вид на маски, ама сега користам само природни без силикони. Доколку не ти е битен составот дефинитивно ја препорачувам!
Од која маска без силикони си задоволна да ми препорачаш? Претпоставувам и шампон и регенератор користиш па ако може препорака и за нив? Јас зедов на Конопка шампон и добар е, но се мислам следно кој да го земам?
Маски: сите од гарниер hair food, одбери според твојот тип на коса, пишува на секоја за каква коса е наменета, ги имам пробано од папаја и од банана (презадоволна) и моментално користам регенератор од балеа со манго. Шампони последно користев од киви на алверде (ок, ама ништо посебно, убаво ја чистеше косата), insight против опаѓање (има резултат откако ќе го потрошиш цело пакување, отприлика 2 месеци), пред него шампон од коприва на илирија, а сега авокадо и шеа на алверде, иако не ми се погоди баш, ми ја мрси косата побрзо од вообичаено.. Со конопка немам искуство сеуште ама дефинитивно е на листа за испробување, пиши ти како си задоволна
Јас од скоро почнав, имам пробано само Алверде со авокадо и бев задоволна од тој и сега користаѓ на Конопка исто и од него сум задоволна само се мислам сега за која маска да ја земам
Која маска е добра за коса со мрсен скалп, надолу е нормална, јас не ја ставам секако во корен ама досега никако маска да си погодам со убави состојки...
Ја гледав и јас оваа ама нели беше за сува и оштетена коса? А мојата коса не е третирана па се мислам да не ми ја мрси дополнително.
Мојава коса е фарбана, ама бидејќи веќе сменив нијанса веќе не ми е сува а горе кај темето секогаш ми се мрси. Со сигурност не ми ја мрси дополнително. Од истава линија мислам дека имаа и за нормална коса ама ете ја немам јас пробано
Јас ја користам онаа Botanic Therapy, ја има во секој маркет и секаде, има различни, имаш за зајакнување на косата, за омекнување, за оштетена коса. 150/250 ден се ама корисни се и косата ќе ви мириса прекрасно.