ima na loreal no loreal profesional za tenka kosa i taa bash pomaga, zatoa sto ne ja lepi ako e tenka kosata a ja hrani kaj sto e ostetena, jas ja koristam i super sum zadovolna, ja ima vo hair shop vo hair shop mislam, oni se mnogu snabdeni
Ги имам и шампонот и маската од оваа линија. Шампонот воопшто не ми се допадна. А маската се уште ја немам испробано. Дали можеби некоја пробала маски од Fresh spa на Natura siberica?
@ana-sweet Ова го користам од Redist сега место маска. Ама шишана сум боб. Убаво ми ја расчешлува косата, мека е и убаво се фенира.
И дадов шанса на жолтата маска од Gliss, протеинската. До сега се зафркавав со регенератори, маски на Балеа, ама освен пријатен мирис никаква друга функција немаа. Пред миење ставам од путерот на Алверде или масло, но проблемот е за после миење. Кралот Лав во најава. На Gliss споредено со претходниве е доста погуста структурата, си ја врши примарната намена, ми ја скроти косата. Да напоменам дека косата ми е ептен слаба, прекршена, сува .. со маскава ја оставам природно да се суши и добивам пристоен резултат на крај. Мазна коса и во добар процент скротена.
Приметуваш некоја разлика кај косата дека ја чуваш маската подолго? Обично на нив пишува да се чува 2-5 мин и да се исплакне.
@Ева33 да, приметувам. Некогаш ставам и кокосово масло, ако скокнам со маската и тоа дури го имам држано многу подолго и нема никаква штета. Косата полесно се расчешлува, има поголем природен сјај и со маска и со кокосовото (но природното).