Дали некоја ги пробала маскиве на Гарниер , општо и шампонот од истава линија? Таа од банана ја имав пробано ама не бев нешто воодушевена.
Јас имам две пробано, банана и папаја, папајата мене ми се покажа далеку подобра. Го земав и таквиот шампон, планирам да го почнам откако ќе го завршам авокадото на алверде, па ќе пишам впечатоци.
Ние ја земавме од истата серија само жолтата, со индиски јасмин. Одлична маска, и мене на густа коса ми одговара ама мајка ми беше многу позадоволна и си ја превзема, она има тенка коса која лесно се масти и ова е една од ретките маски кои воопшто не и ја масти косата. Мене единствено ми фалеше што нема врска со јасмин мирисот, речиси и воопшто не мириса.
Јас имав тестер од овие но од смоква беше и предобра маска воопшто не ми ја мастеше или отежнуваше, се мислам сега која да ја земам.. Баш сподели како ти се допаѓа оваа што ја порача ти
Јас ја имам користено , супер беше за цената , ја прави косата мека и мазна , убаво се чешла ( да напоменам дека немам фарбана и многу сува коса) Исто многу добра е и оваа
Регенераторот од оваа линија и како и beautys20 исто искуство. Особено ми се допадна и што мириса многу убаво. Претпоставувам дека и маската е слична.