Ја употребив денеска и навистина сум презадоволна. Потврдувам за секој пишан збор. Ме изненади и пакувањето колку беше големо за 99ден. Многу убав мирис има, плус косата преубаво ми изгледа.
Дали има силикони во составот? Се обидувам да употребувам производи за коса без силикони. Ме интересира каква ќе ми биде косата без нив.
Kako ja koristite maskata dali na vlazna kosa i plaknete i dali do korenite ili samo na vrgovite Fala ti
На Dove маската за коса каде може да ја најдам (освен дм, жито маркети)? Ја користев одамна, не знам дали уште ја има некаде. Вака нешто беше:
https://haircareshop.mk/shop/brend/schwarzkopf/bc-bonacure-schwarzkopf/ Види и во еликсир перфимеријата или во fabuspot исто така
Таа со портокалови букви од Стокомак, 99 денари, зачудувачки на мојата многу оштетена коса функционира, ја земав на шега и се изненадив. Сега гледам дека не сум само јас што ја фалам.
И спрејот од истата линија. Маскава е преубава, јас ја зедов пред една недела, косава ми е преродена. 250 денари е во ДМ, и спрејот е толку. Е сега, има силикони, ама тоа е.
Бев надвор од државата на 4 дена, нормално таму морав да ја измијам и косата, не знам шо имаше во водата ама скоро еден месец ми мириса на метали и 'рѓа. Од тогаш ја имам измиено 100 пати, шампони сменав, маски, кокосово масло, ја скратив, се' е џабе. Помош?
Препорака за маска, масло или што било со долготраен мирис? Што и да ставам, откако ќе излезам надвор косата ми мириса на чад од загадениов воздух
Од искуство овие ги препорачувам: Порано ги користев и спрејчињата на Глис, имаат долготраен мирис и лесно се чешла косата. Инаку Ugly Duckling, исто како и f.girl и мене ми мириса косава на загадениов воздух (едноставно нема како да се избегне периодов) па за да замаскираш било каков чуден мирис подобро би било да користиш производи што не се измиваат, има leave in conditioners и масла во ДМ. Веројатно треба уште некое време да помине додека да се врати косата во нормала од водата таму.
Ја држиш на косата 10-12 минути како што пишува, или пократко? Јас и неа ја зедов иако скоро си купив друга маска за коса. Оваа од Стокомак не сум ја пробала уште баш поради тоа што пишува дека се чува на косата толку долго после нанесување. Многу чекање ми е, немам толку време.
Можеш да ја ставиш и пред миење, јас така правам секогаш без разлика на маската за коса што ја користам, зашто ме мрзи да чекам со мокра коса и ми смета така. Ја влажнам малку косата на врвовите, ставам од маската, расчешлувам и ја собирам косата со шнола. Додека да се истуширам и да се средам, толку време поминува отприлика, некогаш и повеќе. Ефектот ми е ист, дури на мојата коса мислам дека повеќе и одговара овој метод, па така терам со месеци веќе.
Така може. Ќе пробам и јас. Обично масла ставав пред миење, маски не ми текнало. Иако знам некогаш од маската да ставам на измиена и исфенирана коса, како leave in за убав сјај и мирис.
И пократко зависи колку имам време, некогаш 5 минути, некогаш 5-10 макс. Ќе пробам и јас пред миење на тоа не сум се сетила