Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маски за коса

Дискусија во 'Коса' започната од easyyyyy, 15 април 2011.

  1. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    3.268
    Девојки ајде и овде... имам сува коса. Што би препорачале?
    Да доловам колку сува, кокосово масло, арганово, капки за коса каде и да ги ставам и на скалп и на врвови одма ги апсорбира (и тоа можам и по неколку пати да ставам на миено). А сува е пука од што е сува. Пробав со хидрантни маски од ДМ од арган и алое ништо не помага. Не сум фарбана.

    Конректно и оние горе што ги постирала аnabelle.Amorette ги пробав и на балеа на база на арган. Ништо не ја хидрира/замрсува косава.
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.588
    Допаѓања:
    106.432
    Пол:
    Женски
    @Ljubova да не нанесуваш на погрешен начин маска? Знаеш, маска / регенератор се нанесува на коса добро исцедена од вода (јас по второто миење ја држам во пешкир 10 мин да се исцеди убаво па ставам маска) инаку ако не ја цедиш убаво џабе ќе е се што ставаш.
    Овие две се супер за многу сува коса.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На simoncelicius и Ljubova им се допаѓа ова.
  3. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    3.268
    Обично на маската пишува која како се нанесува и така правам. Пример некои на влажна коса, некои на полувлажна... едни капки на сува се ставаа... се пробав.

    Фала ќе пробам и со овие. Каде ги има да не знаеш? :sun:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.588
    Допаѓања:
    106.432
    Пол:
    Женски

    Natura siberica во Белина и во Дм. Keune во Дм и Космо тинекс :)
     
    На Ljubova му/ѝ се допаѓа ова.
  5. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    139.386
    Девојки, да ве прашам за искуство.
    Шатирана ми е косата, од пред 2 недели и сега сакам нешто да земам дека е третирана.
    Јас земав една маска од Лореал, убава е, ама пак мислев нешто друго да пробам.
    Фризерката ми рече да го земам спрејот Ревлон, тој црвениот.
    Па да ми предложите, дали сте го користеле тој спреј или некоја маска друга да барам
     
  6. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    Garnier Fructis линијата ми се незаменливи, но пред некоја недела ја пробав и маската од Стокомак и стварно е добра ми ја омекнува многу косата и мирисот трае со сати.
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    10.817
    Пол:
    Женски
    Според описот што го даде тоа е мнооогу сува коса, едно време имаше уље за коса, не знам дали уште постои. Користеше другарка ми поради екстремно сува коса.
    Во шишенце мрсна течност и ставаше на врвовите. Неа не и беше мрсна косата поради сувоста, само добиваше сјај, јас на пример да ставам поради мојата коса би изгледала како еден месец коса да немам миено.
    Пробај можеби ќе имаш ефект.
     
    На Ljubova му/ѝ се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.588
    Допаѓања:
    106.432
    Пол:
    Женски

    Јас не сум го пробала, ама другарка ми го користи тој спреј од Ревлон и е многу задоволна. Исто и сестра и и на двете косата им е третирана. Само тој спреј не ја заменува маската, маска па пред сушење спреј како заштита од топлина. Спрејот и во ДМ го имаш.
    Маска можеш на Keune satin oil да ја земеш или таа погоре ама да знаеш овие маски се доста хидратантни така да се става сосема малку на косата.
     
    На Medea., The Doc и flower30 им се допаѓа ова.
  9. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    139.386
    Фала ти премногу.
    Значи можам да го земам спрејот и моментално оваа маска на Лореал. Па кога ќе ја потрошам да земам од овие предложените
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    Имам сува коса, малце како дехидрирана и се е тоа поради водата. Маска користам за хидратација и да ја скроти малце.

    Сега земав на Garnier Food Hair со алое вера, косата ми мириса на маската до следно миење. Предобра е.

    Ја пробав на Pantene Hair Intense repair, освен цената што е дупло повисока, друга разлика не видов.
    И на Gliss протеинските ми се добри, така што ќе ги ротирам со Garnier Food Hair.
     
    На f.girl и RockNroLLGirL им се допаѓа ова.
  11. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    296
    По ваша препорака ја пробав маската од стокомак, само што не ми помогна баш за лесно расчешлување (може е и до мојата коса). Се уште сум во потрага по некое решение што ќе ми го олесни секое фенирање.
     
  12. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    32.620
    Пол:
    Женски
    Која ја користиш од Gliss?
    Јас ја користев розевата и ми се допадна во однос на хидратација и полесно расчешлување. Но, мирисот не траеше многу долго. Затоа ме интересира какви се другите :wasntme:

    Сега ја зедов од Garnier со алое вера, фала @Anabelle.Amorette :hug: Мирисот трае долго, многу сум задоволна.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  13. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    @f.girl зелената (тиркизна), ама не се задржува мирисот, тоа од Garnier Food Hair само ептен мириса косата.
    Од Gliss за расчешлување, хидратација се супер.
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    schwarzkopf-gliss-protein-hydrating-mask-with-cocoa-butter_.jpg
    Јас сум многу задоволна од оваа маска за коса, ја прави косата мека и лесна за расчешлување.
     
    На Mare_25 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Ја пробав маскава за првпат, одамна се мислев и навистина е убава. Мирисот малку не ми се допадна, ми мирисаше како на фарба и хидроген, но косата ми е баш мека и убава после маскава. Навикната сум маските за коса да ми имаат убав мирис, па може затоа ми засмета. :D

    Но, цената за ова мало пакување не ми одговара во споредба со огромната маска од Стокомак или други маски во големи пакувања, па можеби затоа не би ја купувала често. Чисто ми беше мерак да ја пробам, неколку пати во ДМ ми фаќаше око, па се премислував дали вреди да се купи или не. Се на се, добра маска е. (y)
    alverde-naturkosmetik-haarmaske-nutri-care-1-1.jpg
     
    На koritsaki и Nausicaa им се допаѓа ова.
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Ова е околу 50 ден. ако не се лажам? За таа цена можеш да си земеш на балеа регенератор со ванила или манго одлични се. Тој од ванила похранлив ми е некако.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Да, толку 50ден беше маскава.
    Не е лоша ама за мало пакување и мене некако не ми вреди цената искрено. За да се проба еднаш - двапати доста е. :lol:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.588
    Допаѓања:
    106.432
    Пол:
    Женски

    Јас ги имам користено овие маски, одлични се , мојата коса дека е до рамена не ми се троши брзо, нанесувам по малку и ми трае 2 недели сигурно
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    1.740
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, дали некој ја користел маскава да сподели искуство како е задоволна.
    schwarzkopf-gliss-kur-bio-tech-restore-2-in-1-butter-mask_front_photo_original.jpeg.jpg
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Не баш оваа, но слична користев од оваа марка пред 2г и баш бев задоволна.
    Ваква беше мојата. Верувам дека и оваа би била убава, стварно убави маски имаат.
    [​IMG]
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.