Јас последно ја купив таа розовата маска на Глис и стварно сум задоволна, косата ми е посјајна и помека.
Феминки третманов е за сува и оштетена коса од фарбање, пеглање, фенирање и е одличен. Не е воопшто скап, а веќе од второто нанесување има гоооооолема разлика, барем кај мене имаше бидејќи косата ми беше тотално уништена.
Дали некоја ја пробала маската за коса на Кливен? Има две - за сува и оштетена и за третирана и бојадисана коса Инаку, цената е околу 130 ден.
Не сум баш љубител на маски за коса. Сум пробала многу и никако не можам да најдам некоја што ми одговара, па поради тоа си се држам на home made ... Сепак од тие што сум ги користела, најубави ми биле овие:
Спојлер Да, јас ја користам првата. Мене ми е многу убава, поводеста е откако другите маски, ама некако е мрсна кога ја ставаш, што на мојава сува коса и делува прекрасно. Значи и откако ќе ја исушам косава ги чувствувам врвовите дека не ми се суви, туку имаат некоја влажност.
Значи косава ми е многу оштетена од фарбање и од секакви глупости. Не користам маски за коса затоа што многу ми ја мрсат косата. Но сега морам да си најдам некоја убава затоа што многу ми е оштетена косава. Препорачајте ми некоја убава маска за коса за мрсна и фарбана коса, со прифатлива цена. Само не од Авон.
^^ маската не може да ти ја мрси косата, ако не ја ставаш на коренот. Се ставаат само по должината на косата, во спротивно или многу ќе ти биде мрсна или ќе ти паѓа. Инаку јас користев последно маска за коса на Дав и убава беше, околу 270 денари е 200 мл. Сигурно има и за фарбана коса. Иако Генерата е многу помрсна и би требало да ти е ок чим ти е многу оштетена косата, инаку е околу 100 денари 500 мл.
Дечки, во план сум да се подновам и со маска за коса, ама се думав околу тоа која маска е за мрсна коса? Зборувам за маските на Gliss, бидејќи не се сомневам во квалитетот на Schwarzkopf, а расположена сум за експерименти, па да видиме што ќе испадне. Еве конкретно, црната маска на Gliss за каков вид на коса е наменета? Ако дотичнва не е за мрсна коса, сакам предлози за таква маска, по можност на Gliss.
За мрсна коса немам видено маска,а и да има особено од Глис нема да најдеш..Глис повеќе се за сува коса,имаат само една за сјај,која мислам дека не е за сува коса,туку нормална коса која нема сјај.Liquid Silk се вика,еве како изгледа Црната Глис мислам дека можеби нема да ти одговара бидејки е за многу сува и многу оштетена коса - Ultimate Repair вака изгледа нели? Освен ако немаш коса како мојата нормална до мрсна на коренот и многу сува и оштетена по целата должина.Јас планирам да ја купам,ама прво сакам да ја пробам Loreal Total Repair 5,зашто сеуште не ми е толку оштетена па се плашам да не ми ја отежне косата. А инаку имам читано дека е совршенство,ако сакаш пробај ја,има многу позитивни искуства.
Кај црната маска ме привлече тоа кератин плус, што ти знам и си направив филм дека ќе ми ја зајакне косата, тенка ми е во последно време. Инаку, би можела да ја сместам и мојата коса во таа твојата категорија на нормален до мрсен корен и нормални до суви врвови, ама си ја третирам како мрсна, да ми оди копмлет со кожата. Ќе направам една посета на Тинекс и локалните парфимерии и ќе се одлучам. А и оваа розевата ме привлече - убивам за сјајна коса, мајке ми - пак сум во дилеми.
Остај,ако јас ти реков дека ќе ја земам Лореал,кога ќе ми се дотроши сегашната маска којзнае каква ќе купам Може и Глис,може и Дав,може Лореал..Тоа е кога си рак,а вага во подзнак.Сакаш козметика,ама не знаеш што сакаш и стално си во дилеми. Ама имам позитивни искуства јас со Глис белата Total Repair,преубава е и преубаво мириса - на кокос Не знам и мене сите маски ме привлекуваат,не знам која прва да ја земам,а пусто многу споро се трошат
Аааа,дејчиња, колку е оваа црнава маска на Глис? Јас имам сува коса, не ми е мнооогу оштетена,ама пак така,на врвовите доле.
Јас најдов една тука , не е некоја марка , БИО писува на неа од мед е. Ама прекрасна е Чуда прави со косата. А не ени скапа.
Некој да не ги има пробано маските на Хоби? 120 ден. се, а имаат 600мл. Сепак имало и поефтина маска од онаа на Генера Вака изгледаат: Спојлер
Ја имам користено таа со кокос,според мене е на ниво на Генера можеби за нијанса ми беше подобра,сепак зависи од косата.
Ги имам користено маските на Гарние , Дав и Неутро маската . Најубава ми беше онаа на Дав ,Неутро - тука некаде ,а маската од Гарние не ми одговараше ,бидејќи ми ја сплескуваше косата ,онака сосема без волумен .
јас сакам да си направам една домашна маска....Прочитав некаде на форумов за некоја маска со јајце,нешто така беше....Ако некој ја знае маската нека пише
Да не ми се сак’лдисувате, ја најдов маската. Едвај, но в раце ми падна. Ја барав главно во Зегин, зашто во нивните брошури видов понуда, притоа едвај во една нивна аптека во Лептокарија ја најдов. 165 денари за 250 мл. For dry hair. На декларацијата на македонски пишува ленено семе, а на меин мењу ленено масло. Сеедно. Впечатоци: превпечатливи. Да ја имаше ќе се раскинев од купување и секој ден ќе ставав. Косата е мека, нежна, свиленкаста. Прекрасна. Досега најдоброто.