Користам на секое миење маска за коса различни пробувам, но мислев дека немаат некоја функција, дека ништо посебно не прават за мојава коса, ама ептен сум се излажала Вчера не ставив маска и едвајјј ја расчешлав косата и многу ми беше сува, така да од сега не правам грешка да ја изоставам Моментално ја користам од стокомак онаа сиво пакување со црно капаче преубаво мириса
Од глис не се сеќавам дека сум користела, ама од спрејчињата баш бев задоволна. Не дека имам којзнае каква потреба за маска ама ај
Преубава. Ова е прва маска од која косата не ми се засити. Прв пат да истрошам маска без ич друго да сменам. Обично 2 нед со една, па друга, па пак сум се навраќала на првата и така на секое менував. А оваа е одлична. 4 во 1, може и по миење да се нанесе и да не се измие.
Дали некој има слично искуство со мене? Од калос маските трошам веќе второ паковање а не е ни до пола, се мијам мрсна мрсна абе гној ко никогаш не измиена дали косата веќе не ми ја прима, а баш ми беше океј, штета... Препорачајте ми некоја друга.
Мене од Калос ич не ми се погодија плус големо паковање, а јас сакам да менвам се презаситува косата од едно исто те од шампон те од маска. Пробај со gliss маските или јас сега ја користам моментално на alvedre од авокадо
@koritsaki ја зедов оваа денес, засега од првпат е добра, обично со овие од Генера сум немала проблем па ќе видиме. Следна ми е таа твојата на список, не била многу скапа бе.
Супер е и пваа што си ја земала , со здравје да си ја користиш важно е да врши работа , наредно за промена можеш и другава да ја пробаш
Тие што ја фарбаат косата платинеста знаат каква мака е да ја одржиш косата во живот Нема нешто што не пробав ....од Олаплекс,Ревлон спреј,Лореал шампони,маски и капки. Додуша од капките за коса на Лореал не се откажувам бидејќи не ја мрсат косата а мирисаат преубаво. Па Глис,Пантен,Гарниер.... Решив од овие да купам ги најдов во ДМ и искрено презадоволна сум. Косата ми ја прават сјајна и свиленкаста и преубаво мирисаат.
Не знам дали сте ја пробале маскава ама ако сакате вакви мали пакувања ја препорачувам , само што го завршив пакувањето денеска и цела оваа недела ми се допаѓа како ми изгледаше косата. Исто мириса како млекото за коса што е од кокос. Колку ми е криво што нема големо пакување од оваа маска и од таа од Алверде , иако оваа повеќе ми се допадна од таа од Алверде во мало пакување што е.
Јас ја користам оваа и сум задоволна, ем косата поубаво ми мириса ем ми е помека. Еднаш не ставив и катастрофа цела раштркана.
Корицаки, можеш да ми кажеш како мирисаат? И да направиш скоредба на овие со апивита? Апивита повеќе не ми е достапна, а најдобра од се што сум пробала ми беше. Последно пробав нешто на белеа, везе немаат.
@Yowannty да ти кажам мирисот не знам како да го опишам мене убаво ми мирисаат и двете. Разликата е тоа што таа на Кене не е природна , мнооогу е густа и се користи сосема малку , ептен е хидратантна. Другава на Натура сиберика е по природна (има силикон ама е на крајна позиција) , не е густа како таа на Кене, ама ипак хидратантна. Јас имам и еден спреј од истава линија на НС и е многу добар. Сега ќе ти пратам да прочиташ нешто повеќе за неа. Имате таму производи на НС? https://www.bellina.mk/p/999/hair-e...etirana-i-oshtetena-kosa-150-ml?categories=27
Ја користам и јас на натура сиберика и нема некој конкретен мирис, на ништо посебно не мириса. Само што јас не забележувам некој резултат екстра од неа, како обичен регенератор да сум ставила. Имам суви врвови од третирање, а мрсен корен. Единствено што ми се допаѓа е што е во мало пакување, а не оние огромните кутии, ептен ми се непрактични. Јас не би ја купила пак кога ќе ја потрошам.
Во суштина не сум задоволна од маски на натура сиберика, ама оваа прв пат ја приметив. Да. Баш ставав во сандаче некои работи што ги земам редовно на нс, а сега ми се при крај, па дур немам нарачано реков да те прашам за маската. Мене ми треба нешто професионално. Не мора да е скроз природно, оти косата секако ми е доста третирана. Е сега од Август месец ја одмарам, се фарбав пред некој ден, и ми е пола пола. Пола нормална оти порасна, а пола сува. За сувиот дел само маска што иде уз фарба ме оправа, ама тоа не ми е секогаш опција. На Апивита ми беа совршени, ама овде во Германија ги нема.
@Yowannty да, кога косата е веќе хемиски третирана , природните производи може помагаат ама споро и нема резултат како со префесионалните производи. Кога имав црна коса ја користев таа на НС а сега од кога се офарбав плава почнав пак да ги користам Kerastase линијата absolute blond i chronologiste, може се доста скапи ама косата изгледа навистина убава по миењето со нив. И концентрирани се , се користи сосема малку производ особено од маските. Може некое тестерче да побараш , ако можат да ти дадат. Или Keune земи, оваа линија што ја користев јас исто беше наменета за третирана сува коса