Јас имам искуство со оваа маска. Одлична е И @Yowannty има користено маска на Апивита и нејзе ја тагнувам мислам беше задоволна
Alfaparf мене не ме бендиса. Апивита цела козметика им е прекрасна. Маските се совршени, косата ја прават свила. Најдолго таа со портокал ја користев, најмногу поради мирисот.
Акцијата е во ДМ маркетите, можеби на некоја ќе ѝ се најде информацијава. Условот е само да се купи некоја од маските за коса.
Оваа ја имам користено , од сите маски на Апивита оваа ми била супер. Само јас во ќесички ја купував , мислам нема разлика со оваа на сликата
Таа ја гледав мислам за мрсна коса беше. Оваа ја гледав. Мислев и за таа со мароканско масло -брендот,скапичка е ама ако вреди тогаш не е важно.
Мислам е за сите типови коса плавата. Ја користев пред 2 години таа на Апивита. А ако мислиш за маските на miroccanoil маслото го имам, маските не сум ги пробала. Од маски за нега на коса професионални најзадоволна сум била до сега од Kerastase , за мене подобри од нив нема
Да на тие маски мислев,има добри рецензии на нет за неа,ама само 2 вида се. На керастесе која би ми препорачала. Мене оваа од Белина ми е екстра со кавијар ама при крај ми е,а тука ја нема да се купи.
оваа ја имам јас ама најчесто ќерка ми ја користи, ја земав за косата на ќерка ми она има густа и сува коса . Плус дава многу сјај на косата, доволно е малку да се нанесе. Исто и оваа е за многу сува коса. Види прво тестерчиња да ќе можеш да најдеш да пробаш најубаво. Јас прво тестер имав пробано па потоа ја купив првата маска.
Само да ја пофалам, маската е предобра. Сум пробала доста различни и пак на оваа се враќам. Не ми ја мрси косата а и дава убав здрав сјај и лесно се чешла. Во комбинација со спрејчето од natura siberica за коса со црн кавијар.
Јас од Авон користам кога се на попуст. Не се лоши. Онака кога одам во продавници купувам што ќе стигнам. Купував од фризерката ама ептен скапо ми излегува.
Маскава е одлична. Многу ја омекнува косата, лесно се чешла, ја прави мека и сјајна. Ми се свиѓа што ми ја смирува косата и ми ја прави мазна да не е надувана после миење. Плус многу убаво мириса косата и до неколку дена. Професионална е купена од дм чини 530 денари. Според мене најдобра маска до сега што сум ја пробала.