Ми се допаѓаше многу, за сува или мрсна беше не се сеќавам. Многу убаво изгледаше косата и плус лесно се расчешлуваше. Нема да погрешиш.
Јас имам тенко влакно и не ми одговара.претешка ми е .и има доста јак мирис што ми смета .не ми мириса убаво.
Мислење за маскава? Бидејќи пишува за оштетена и сува коса, имам испукани врвови, дали да ја купам, да ја испробам..?
Ако имате густа и потешка коса што не ви е лесно да ја исфенирате, ја препорачувам маскава. Со нејзе косата ми излегува како на фризер. Ама финтата е(океј ова може го знаете јас сега го дознав) е косата да се исчешла со онаков чешел со запци додека е нанесена маската, после не. Околу 5-6 минути ја оставам, не помалку.
Често ги користам производите на Ziaja. Посебно ги сакам тие со козјо млеко, но се малку помрсни и потешки. Затоа и се мислев дали да ја земам маската за коса, мислев дека ќе ми ја мрси брзо косата, но само пофални зборови имам. Јас ја сушам косата со фен само за стилизирање, да не ми е бушава и сува како сено. Со маскава не морам, кога ќе се исуши не ми е разлетана и е мнооогу мека, како детска и никогаш не третирана. Мирисот е преубав, траен (колку шо можи од воздухот надвор). Ја ставам после шампон секако, расчешлувам и ја оставам 5мин, доволно е мала количина. Цената е пристапна, ја зедов од Веро со 25% попуст и беше околу 150ден.