Предлог за маска за коса да не ја сплеснува косата и мрси, до сега многу шо пробав ја сплеснуваат косата исто ко не миена, исто предлог за добар шампон ако може?
Јас не сакам наски за коса од истата причина шо ја наведе, ама оваа ја оживува косата и дава волумен. Не ми ја мрси дополнително што е голем плус. А за шампон, само Конопка користам веќе долг период наназад, триото шампони наизменично (лаванда, рузмарин, жалфија).
Каде може да се најде маската и на колку време користите маска, ако не маска дали ставате регенератор и каков?
Ја има оваа во ДМ и на сајтот на Белина би требало да ја има. Јас маска ставам на секое миење, само на долниот дел од косата, кај врвовите.
Не користам регенератор, од него ми паѓа косата. Маските немаат таков ефект. Инаку оваа од кавијар ја има во Белина и ДМ, околу 250 денари е. Ставам од ушите надолу, накај скалпот не, ама и да ставам нагоре, не ми ја мрси косата. На секое миење ставам, некогаш знам и на сува коса после сушење да нанесам на врвовите од маскава и да ја оставам така, не лепи и не сплескува.
Препорачајте ми некоја убава маска за долга плава фарбана коса. По можност да ја има во ДМ. За нега на врвовите пред се. Дека од неодамна ја фарбам па ми е страв да не се исушат па да почнат да се кинат и оштетуваат.
Јас ја ставам на пола коса односно да не допира до главата. И многу ми е убава мека, нежна. Незаменлива ми е маскава, не ми текнало друга да купам.
@Annath и @buba4e89 мислам пишавте за лилаковата маска за коса од Дм. Дали е добра и за смирување на врвовите на косата? Кога ќе ја испеглам е супер мазна, за кратко како разлетени се врвовите. Да напоменам често ги кратам, и млекото од Балеа го ставам.
Ако мислиш на смирување на наелектризираноста на косата, нема таква маска што ми помага во зима, па ни оваа. А инаку за заштита, сјај и волумен е одлична.
Па кај мене од наелектризираност после фенирање се прави така, јас не ја пеглам косата, ама ја сушам со фен, и без разлика што и да користам, во зима секогаш ми е разлетана.
За разлетаноста, обиди се со кокосовото млеко од ДМ или пак со некакво масло. Битно е после чешлање да ги нанесеш на сува коса. Мене ова ми помага и скоро никогаш не ми се разлетува. Исто така, смени чешел/четка. Од нив многу се електризира. Немам пробано ама имам слушнато дека дрвените четки биле доста добри.
Па баш тоа од кокос го користам на влажна коса, после ја сушам и чешлам. Најпосле на сува коса, ставам од млекото само на врвовите. И четката само што ја сменив, се мислев за дрвената, ама ја земав титаниумската црвена од Дм
Одамна користам дрвени четки со природни влакна и за фенирање и за чешлање. Маските често ги користам на сува коса без измивање, џабе. Имам премногу сува кожа на телото, постојано осеќам пецкање што и да допрам и косата постојано ми се разлетува, без оглед на тоа што ставам, дури и кога ми е мрсна. И кожата ја тинтрам нонстоп, нешто повеќе ми помогна Еуцерин Аквафор спрејот зимава. Како се стоплува, ситуацијата со кожата и косата е подруга, односно се смирува, не ми е разлетана постојано.