Ја купив маскава неодамна и не е лоша. Преубаво мириса. Не ми е нешто wow ефектот, просек би рекла. Garnier hair food на пример, ми се доста подобри и дефинитивно ми се број еден за косава моја. Меѓутоа, ко за промена, солиден избор испадна и оваа. Би пробала и некоја друга од брендов и криво ми е што не зедов повеќе, ама навистина не знаев дали ќе ми се допадне па си реков да не земам залет без потреба.
Здраво, какво искуство имате со оваа колекција на Garnier? Дали некоја го има користено шампонот и маската од папаја за оштетена коса? ПС: Дали некаде има маска. шампон или регенератор од ананас за испукани врвови од истава колекција? Во ДМ Маркет ја видов колкцијата од банана, папаја и уште едно не памтам кое беше, не сум сигурна дали имаше од ананас
Колекцијата со ананас ја има во ДМ и е баш наменета за оштетена коса. Јас со банана ја имам користено и шампонот и маската, и е една од моите најомилени маски.
Zdravo.Preporacajte nekoi kapki ili maska za kosa za gubenje na volumen ili za da stoi prava Imam bujna kosa i posle peglanje
https://argan369.mk/proizvodi/argan-oil-maska-za-regeneracija-na-kosa-250-ml/?sponsor=MTI1Nzg= Без штетни парабени и сулфати
Да не ја купила некоја од вас новата маска од Garnier hair food линијата? Со ананас и амла. Сигурно мирисот е преубав, само ме интересира ефектот.
Предлог маска за бланширана и сува коса? Регенераторот не ми ја омекнува доволно за да ја исчешлам, а имам долга коса.
Маските за коса на Лореал. Маската од портокаловата колекција преубава ми е, ја прави косата многу мека и убава. Имаат различни колекции за фарбана коса, за сува коса, разгледај си што највеќе ќе ти одговара.
Да Btw, го земав шампонот од истава фирма Energy се вика некако (ете го лево на сликата до маската) и е благо кажано ужасен, косата сплесната и заплеткана
Ја купив портокаловата за долга и коса и е преубава! Навистина ја омекнува косата и можам да ја исчешчам иако ми е доста бланширана. Фала многу за препораката