Да не знете некоја маска за волумен? јас ја користам маската од gliss и презадоволна сум но сега барам некоја што е за волумен или пак шампон ако знаете кажете ама да има ефект.
Спојлер Јас ја имам пробано таа со црвеното капаче и некако косата ми беше како умртвена.Јас не сум задоволна.
А дали знаете некоја маска ама природна? Имам слушнато нешто со јајце, маслиново масло за сува и расцветана коса ама не ми текнува точно како беше...Ако знае некој нека пише
Навистина сум изненадена од постовите, ја отворив темата за да видам македонските девојки со какви маски за коса се служат, и стварно онемев ! Генера бре луѓе? Дали тоа е маска за коса? Самата цена кажува 120 денари пола кило мислам нема везе, сфатете дека е сето хемикалии и дека воопшто не ви ја потхранува косата туку само ви ја мазни како да сте ставиле балсам за коса ! Просто сум зачудена. За оние кои се љубители на стварно добра и квалитетна козметика, и здрава коса, нека пробаат со Ревлон маската 500 мл е , Про Ју се вика. Јас лично сум многу задоволна ја користам втора година по ред. Поздрав !
Со оглед на тоа дека имам тенко влако кое лесно пука, отсекогаш сум била во потрага по соодветна маска за коса. И сум пробала навистина многу. Почнувајќи од Nivea, Garnier, Genera, Avon, Oriflame... крај им нема. Ама од ова сум презадоволна! Вреди секој денар! Освен тоа што има прекрасен и долготраен мирис, косата ја прави многу нежна и мека.
Девојки моментално ја користам оваа и ми е при крај. Сакам сега некоја друга да земам, да сменам малку . Што велите за оваа?
Јас ја користам втората долго време и сум презадоволна од неа. косата ми ја прави мека и свиленкаста и ми дава сјај. сега најдов понова маска од глисс иста вакава ама содржи во неа и кератин што е добро за косата само неможам да најдам слика од неа
девојки да не знаете некоја добраа маска за коса која е против цветање на врвовите многу ми цветаат на 3 недели а оваа на GLISS розевата не ми помага фала ви
Најново откритие ми е. А кој сака природна опција, после миење на главата, турете тенџере вода во која сте свариле рузмарин. Убаво да изврие, да пуштат тревите темнозелена-кафена боја, и со тоа се плакне косата, убавини е после. Или па масло од рузмарин.
И колку чини оваа маска и каде може да се најде? Разгледував низ парфимериите и маркетите ама ја нема.
Еј хемикалии имали во Генера А во Ревлон што има, чист необработен измет од камила Па се ти е бе срце хемикалија, само зависи колку квалитетни состојки користи една фирма за разлика од друга. Не велам дека Ревлон не е добра, предобра е ама дека не е хемикалија и она далеку од тоа
Јас ја користев оваа маска на Гарниер: Ама можеби дека континуирано со години ја користам или незнам зошто почна првут да ми прави.
^ па да ти попадне не ми се верува,најверојатно е мит,ама јас од оваа новата што ја имам не ставам многу на коренот-бидејќи ми ја мрси,а не бидејќи сум чула за нешто такво... Па незнам,ама не ми се верува !
дали е мит или не, најсигурно ти е да си ставаш на врвовите, коренот избегавај го, а еднаш во неделата можеш да го третираш со природни маски или масла за коса кои се 100% безбедни. Јас еднаш неделно ставам рицинусово или бадемово масло, евентуално добро познатата маска од јајца, а купечките само на врвовите, корен никогаш може мааалце да поминам низ него, но да го масирам темето со нив, нема шанси, не ми се сигурни. Знаеш една Британка што користела Пантен за против опаѓање линијата, ја изгубила косата во неповрат, а најтажно е што од компанијата добила симболичен чек со кој може само да се слика. Многу одамна умре квалитетот на купечките производи.