Шампон без силикони барај во составот. Натура сиберика мене ми е топ. Маска можеш и поефтина, овие во ДМ на Калос се одлични.
Ја користел ли некој маскава? Дали има некоја огромна разлика со поевтиниве маски што можат да се најдат по маркети/дрогерии или стварно прави нешто посебно?
Доста ја фалат, ама не знам дали вреди, ја немам пробано ниту пак знам некоја што ја користела околу мене. Солена ѝ е малку цената за таа грамажа, некако не ми се даваат толку пари за толку мала количина зашто не верувам да ми трае многу време, а имам долга коса па ќе ми отиде за брзо.
Ја порачав. Многу сум easily influenced Ќе споделам импресии таман и ти да знаеш, да ја дотрошам другава прво.
Моментално ја користам Elseve total repair 5 на L'Oreal. Преубаво мириса. Косата ја прави свиленкаста и лесна како пердув. Ја плакнам со млака вода откако ми стои околу 10 минути.
Дали може препорака за маска за коса која многу се кине? Не ми е фарбана косата повеќе од една година, ама премногу е искината. Фала
Pantene маските за коса какви се? Гледав некое поголемо пакување (400 или 500мл ко да беше кутијата) мислам дека беше со кератин. Користела некоја од маскиве за да даде коментар? Се мислам што да земам да пробам, во најтесен избор ми е и оваа од сликава погоре, само би ја купила поголемата кутија зашто поубава ми е на око.
Убави се, маслени. Само мирисот не им трае многу после нанесување. Лореалот се многу поубави, а немаат некоја огромна разлика во цена. Да поскапи се, ама косата ти е буквално мека после нивно користење. За мирисот не коментирам, 3 ден од кога ми е миена косата, уште ми мириса на маската.
Девојки, знае ли некоја каде можам да ја најдам Ревлон маската по најдобра цена? Мислам на онаа во црвена кутија, all in one што пишува. Во Лили во Белград е околу 1600 наши денари, па мислев ако е поевтина кај нас да си ја земам од кај нас. Последно кога бев во Космо како да ја немаше на залиха, само шампонот и спрејот ги видов. Во ДМ би можела ли да се најде на попуст со ,,секогаш поволно" или евентуално по аптекиве Зегин, Еурофарм ако ја држат воопшто? Иначе мојата омилена маска е Гарниер од банана, кај стигнам ја фалам и што и да пробам, секогаш ѝ се враќам. После користење, косата ми е сјајна и мека како свила, лесно се расчешлува, а па за мирисот да не коментирам, да го изедеш! Права крембанана. Ама, сега сакам и Ревлон да ја земам, нешто ми се врти во глава. Сите ја фалат, вреди ли за парите?
Маската не сум ја пробала ама без спрејот не можам да живеам, вреди за секоја пара така да не се сомневам дека и маската ќе биде топ! Јас спрејот неколку пати го имам најдено во ДМ на попуст, за маската не сум приметила бидејќи не ја користам ама може ќе ја најдеш, а исто можеш од тука да си нарачаш, ја има цела линија и во пакет спреј, шампон и маска, а можеш и посебно https://www.facebook.com/share/18c769EaDY/?mibextid=wwXIfr исто имаш и многу други професионални производи за коса, јас неколку пати и ампули за коса сум земала, се е екстра, вреди секој денар
Фала ви девојки, ја најдов маската во ДМ и во Космо. Во ДМ е 880 ден. на попуст, а во Космо е 1250. Па ако некој сака да си ја купи по намалена цена, ете шанса.