1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масла за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 4 јули 2012.

  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Ако има ваква тема, канта

    Ме интересира кое масло за коса за што е наменето. Да ги споделиме искуствата со користењето на маслата.
    Јас прво го користев бадемовото масло и можам да кажам дека е многу корисно, а исто така и многу убо мирисаше. После го купив ореовото масло кое мислам дека е препорачливо за оние со потемна коса, ист е резултатот како и бадемовото масло, ја негува косата, ама мирисот не можам да го поднесам.

    Дали некој има користено кокосово масло? И за каква коса е наменето?
    :)
     
    На Лејди м му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    72
    Епа вака.Јас имам користено , бадемово ( за врвовите ) , маслиново ( за врвовите ) , чичково ( за скалпот ) , рицинусово (за скалпот ) и ореово коешто го ставав на целата коса. Секако овие не масла не ги користев наеднаш , некогаш во комбинација две-три масла а некогш и само од едно ставав.
    Бадемовото,маслиновото и ореовото масло ги користев за спречување од појава на испукани врвови и мислам дека имаше ефект земајќи во предвив дека јас само еднаш неделно а некогаш и еднаш во дне недели ги ставав.
    Чичковото масло ми беше против појава од првут но и онака за ревитализација на косата и цврстина
    Рицинусовото масло го користев за побрст раст и за сјај онака но бидејќи го користев мал период не можам да кажам некои екстра големи ефекти. :) :)
    А ако веќе сакаш повеќе информации за маслата има на страната на галафарм - http://www.galafarm.com.mk/mapa.asp
    тука ке најдеш за секое масло.
    Еднаш се утепав од барање на кокосово масло , но никаде не најдов. Ако некоја феминка купила од некаде нека каже :)
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Супер ти текна за темава,зашто мислења за маслава се распрчкани низ сите теми за коса.
    Да користам еднаш или два пати неделно на сува коса ставам од косовово, посебно тријам на кренот и врвовите. За помалку расцветување на влакната и за подобар раст и побрз
    Мириса многу убаво.
    Имаш кокосови масла многу, ова ти го препорачувам како најефтино е на бонес груп 32-33 денари во има во стокомак и во тедико
    [​IMG]
    А инаку другите масла мене ми се подобри на фитоварм него на галафарм.
    Посебно тоа од бадем, е прекрасно на фитофарм баш на бадем мириса.
    Чичковото исто е за подобар сјај на косата и е се посветла коса, ореово е за потемна.
    Имма и рицинусово тоа го земав само за екпериментот со трепките, ама мислам дека е исто и рицинусовото масло ја задржува косата сјајна и здрава - го стимулира растот , го спречуваа опаѓањето и слабеењето на косата. Скоро на сите слична им е намената. Делтворни се со редвно користење. Само треба убаво да се измијат после ставање. Јас обично ги оставам да делуваат пола саат максимум саат време не повеќе.
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    8.688
    Користам бадемово масло за врвовите од косата и супер е. Се користи за обновување ,сјај на косата и го спречува пукањето на врвовите.

    На коренот ставам чичково ,има антисептичко дејство и помага во отстранување на перут. Исто викаат дека помага и во спречување на опаѓањето на косата.Мене на чичковото масло ми пречи лошиот, јак мирис. Ама добро, го трпам некако. :)

    Понекогаш ставам и ореово масло. Ова е добро и за акни и промени на кожата. А, и бадемовото исто. Го ставам и на кожата на лицето и вратот. Ја негува сувата кожа.

    И јас се согласувам дека некако маслата на Фитофарм се за нијанса поквалитетни од тие на Галафарм.
     
  5. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Ги имам користено сите овие претходно наброени,со исклучок на оревовото бидејќи не сакам да ми ја потемни косата.Само рицинусовото го втривав на скалпот,а сите други по должина на влакното.Од сите сум задоволна.
    Сега сакам да пробам некое друго,на пример сусамово или арганово,па некој ако користи некое од овие добро би било да ми каже од каде ги купува и колку чинат.Исто,ми го препорачаа маслото од семки од грозје :^) ,многу било добро за косата и во Србија многу се користело за оваа намена,но овде се сомневам дека ќе го најдам.А во хрватски форум пак читав позитивни критики за маслото од макадамија,па ако знаете нешто за овие масла кажувајте. :)
     
  6. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    ^
    Гледам многу блогерки ја фалат оваа маската. Баш со масло од макадамија е. Ама знам дека многу скапа беше, уствари за нивен стандард не е многу скапо бидејќи повисоки им се платите. А во Македонија немам вакво нешто видено. Иначе ова е маската :)
     

    Прикачени фајлови:

    На renata77 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Користам кокосово, имав негде читано дека индијките своите прекрасни долги, сјајни, густи коси уште од мали ги негувале со ова масло...не бе, гените врска немаат :D И така полна со надеж дека и јас ќе имам таква коса :party: си го земав и одвреме навреме ставам, кога само на врв, кога на цела коса, не често затоа што имам коса која брзо се масти...Уште чекам :worried:
     
  8. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Јас досега немам користено никакво масло за коса.А косава многу брзо,ми расцветуваат врвовиве.
    Иначе имам речиси сува коса.И сега планирам да си купам бадемово масло.Препорачајте ми некое,т.е кажете ми кое е најубаво? :)
     
  9. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Користев чичково, ама ретко,секогаш заборавав.Повеќе си го ставав во фарбата за коса за да не ми биди сува,и стварно помага околу тоа :)
     
  10. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Ете викаат дека од Фитофарм се за нијанса поквалитетни од тие на Галафарм.Така да земи си од фитофарм :) :)
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Бадемовото е според мене најубаво (од оние кои ги имам досега користено). Оревовото не се препорачува за оние со посветла коса. Јас планирам сега кокосово да си земам од тие ефтините :D
     
  12. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Арганово масо ќе најдеш во Виола на Натурес фирмата и чини едно 1000 денари мислам, а за масло од гроздови семки ќе најдеш во Биокулт, органската продавница во ГТЦ, тие производи ќе ги најдеш и низ големите маркети како Рамстор, баш таму го гледав ова масло и уште некои, како масло од коноп, масло од црн ким, масло од репка, кокос и многу други, мислам дека видов и арганово масло но не сум сигурна, незнам која е цената но не е евтино. Инаку масло од гроздови семки наменето за козметичка употреба тешко да најдеш кај нас.
     
    На renata77 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Си ставам чичково и кантарионово ама не редовно така да не можам да пишам за резултати.

    Порано ставев маслиново и навистина дава убав сјај на косата.
     
  14. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Има нешто вакво кај нас? :^) Убо ми изгледа :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  15. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Нема шанси, и да го има знај дека ќе биде изгор.
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Баш се мислев во која тема да ви пишам за моето ново откритие- маслата од Бонес, кога гледам сте отвориле тема за масла за коса.
    Јас сите што ги имам не ги користам само за косата, ами додавам и во павловичевата крема или во маслото за сончање и многу сум задоволна, цената им е речиси на пола од Фитофарм и Галафарм, а по 60мл се :!: /

    Ги имам користено кокосовото [​IMG] и чичковото за коса [​IMG], а од нив додавам и во фарбата кога се фарбам и задоволна сум од изледот на мојата коса, додека кантарионовото [​IMG] и ореовото [​IMG]ги користам како што кажав и во павловичевата крема и од нив додав во маслото за сончање, знам дека имаат таков ефект против изгореници и помагаат да се добие убав тен, барем мене ми помагаат.

    Исто така среќна вест за девојките со посветла коса- ореовото масло не е темно како тоа од Галафарм, туку е безбојно.
    Тоа малку ме замислува :wasntme:

    А купив и едно друго масло за коса (не можам да најдам слика) од Андросфарм Охрид, 70 мл за 42 денари и баш пишува дека е за коса без да пишува од какви масла е составено, некако сум скептична какво ќе биде ама сепак ќе го пробам деновиве.
    Така мислев и за купката која е копија на тие од Косили и по мирис и по изглед, ама супер ми се погоди а е ефтина.
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    ^
    Јас минатиот пат планирав да купам масло од оваа фирма, ама си мислев да не е фуш некое оти многу ефтино беше. Ама дефинитивно ќе го купам кокосовото. Уствари, од никоја друга фирма не видов кокосово масло освен од оваа... Или грешка сум ? :^) А да, и плус многу поефтино е. За цената на едно од другите фирми, од овие ќе си купиш 2 :)
     
  18. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас го имам ова ама ми е купено надвор од Mкд,многу е убаво,косава ми е преубава благодарение на него,само ова се става на водена коса,после бањање и ја прави косата многу убава :angel:
    Aко го најдеш некаде да го земеш и да не се мислиш,и доста трае,јас го имав во најмалата амбалажа,и скоро една година го користев :)
    Cега пак го имам и ке продолжам да го користам и користам.

    Jас користам ореово масо тоа истото од Bones Group,го ставам на коса еден час пред да одам на туширање(еднаш неделно) и косава ми е баш вау ефект :o :)
    Mногу сум задоволна,сега сум во потрага по кокосово масло,се надевам ке најдам :geek:
     
  19. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    А каде ги наоѓате маслата од Bones Group?
     
  20. Ketrhine

    Ketrhine Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    На колку време ставате ? не би требало на секое миење :^)