Ти благодарам на помошта но проблемот е што јас сум од Струмица. Има и овде Зегин, ќе прашам пак...Ако не на наредното доаѓање во Ск ќе си купам
Бадемово и рицинусово користам, од бадемовото има навистина добри резултати. Јас го ставам на оштетените врвови пред миење на косата и добро си ја врши работата, а рицинусовото на скалпот против опаѓање и нема некои големи промени ама ајде нели треба да бидеме трпеливи па се надевам дека ќе ми помогне пред да си ја изгубам целата коса!
Си купив денес кокосово уље, на ДОКТОР’С е, па ќе видиме што резултати ќе има. Го има некој користено овој? или вие други користите?
Маслиново маслоооо !! Најдобриот лек за мојата косаа.. веке нема расцутени врвови и не делува како метла, сега повторно ми е како кога бев мала, односно пред да почнам да се бланширам и да менвам бои на косата и да се глупирам ..
Јас го користам ова на ОРОФЛУИДО! Прекрасно и и преубаво мириса ... можеби е малку скапичко но е прилично големо, се става во мали количнини ( на сува/влажна коса) ,а дополнително јас имам коса со средна должина па ми трае и трае .. еве веќе 6 месеци го имам а ни третина не сум потрошила http://www.outblush.com/women/images/20 ... xir-lg.jpg
Ако косата ви е непослушна, сува, оштетена, како кај повеќето жени, голема е веројатноста дека користите интензивни шампони, а стилизирањето и редовната употреба на фен за коса по некое време може да ги уништи природните масла од косата. Етеричните масла можат да бидат спасот кој го барате. Нека станат дел од редовната нега на косата, за да таа повторно стане убава. Исто така, етеричните масла ќе и‘ дадат на вашата коса посебно пријатен мирис. Луѓето со децении користат етерични масла во медицински и козметички цели. Козметичката индустрија нуди низа производи кои содржат есенцијални масла и најчесто се поскапи од другите. За среќа, денес не морате да потрошите мало богатство за да си дозволите етерични масла. Многу продавници содржат поефтини верзии етерични масла, а ние ви ги предлагаме оние кои ќе ви помогнат во нега на сувата коса: - бадемовото масло ја смирува и навлажнува косата - маслото од чедар го стимулира коренот и го поттикнува растот на косата. - маслото од камилица и‘ дава на косата сјај и мекост, ја смирува кожата. - маслото од жалфија го стилумира коренот и го поттикнува растот на косата. - кокосовото масло ја омекнува косата и го зголемува сјајот. - маслото од гераниум ја зајакнува косата. - маслото од јојоба ја влажни и храни косата, а го стимулира коренот. - маслото од лаванда овозможува длабока нега на косата, дава сјај и помага во отстранување на првутот. - маслото од сандалово дрво помага при суви врвови и дава одличен мирис на косата.
Ова е мароканско масло за коса ... мислам дека беше 1500 денари. Ми го препорача фризерката и го купив од кај неа од салон,во 501 во Скопје. Во продажба рандом вакво нешто не се наоѓа Ја имам и истата маска за коса и еден фантастичен рецепт за дозирање од двете по малку и топол пешкир, прави чуда! Се чувствувам како со самовилски коси хахахахаха Јас имам гарда од препарати за коса, слабост ми се, а ова посебно можам да го издвојам. За составот може повеќе да се прочита тука http://www.orofluido.com/en/mezcla-de-aceites.php
не ги користам авон и орифлем ... не знам зошто, никогаш не сум ги листала тие каталози ... за лице и коса се држам до висококвалитетна козметика
И јас сакам вакво!Чаре? Да барам некој од Скопје да го купи од салонот?Каде е тој?Ќе може така,мислам дали го има во секое време таму или претходно треба да се нарача? Кажувај. :geek:
И La soy има арганово масло .Цената му е 490. http://www.facebook.com/pages/LaSoy-Aromatherapy-Shop/44290394188
BC Oil Miracle Light Finishing Tretman 100ml – масло кое е посебно наменето за тенка коса. Овој третман може да се користи и на здрава, густа коса на која и е потребна дополнителна мекост и сјај. ГО ИМА НЕКОЈ КОРИСТЕНО?? КОЛКУ МУ Е ЦЕНАТА??
Ова е одлична тема за маслава јас користам масло за лице и тело но имам голем проблем со мојот скалп како што можам да заприметам на официјалниот сајт на ФитоФарм пишува дека Оревовото Масло се користи за појава на сабореа и надразнетос на скалпот и слично ,но сепак јас има светла коса а приметува дека сите на форумов пишувате дека Оревово Масло се користи за темна коса би сакала да знам каков ефекти има ова масло кај некој од вас и дали го има пробано баш за оваа намена и која е врската светла темна коса со ова масло дали би можел некој да ми објасне ? Однапред ви благодарам ≧◔◡◔≦
Ореовото масло ја потемнува косата и дава црвен одсај затоа не се препорачува да го користат оние со светла коса.Ако имаш проблеми со скалпот би ти препорачала да го земеш чичкововто масло.Не ја потемнува косата, помага за себореа и го спречува опаѓањето. Јас го користам долго време и ми го реши проблемот со првут и косата многу малку ми опаѓа.
Го имате видено тука по маркетиве/дрогерииве ова масло? Сеа ја гледав Зорана го пофали маслово на блогот и ме заинтересира. Цена? Да го користел некој?
Дали може да ги измешам чичковото, бадемовото и кокосовото масло заедно и да ги нанесам на цела коса??