Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масла за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 4 јули 2012.

  1. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    Каде го зема ова и колку
     
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Космо, Тинекс, Веро...околу 500 денари. :)
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Esperanza

    Esperanza Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    23
    За сите корисници на Икаров маслата за коса од Бугарија, сега видов дека LaSoy Aromatherapy Shop станале партнери со Икаров, па маслата и некои други прозводи се достапни и во Скопјееее :clap: :clap: :clap: Се мачев досега, порачував од Бугарија да ми носат.
    Посебно можам да го испофалам ова
    http://www.facebook.com/photo.php?f...11146969189.493288.44290394188&type=3&theater
    а сега му се спремам и на неговото величество, аргановото.
    Морав да споделам :lol:
     
  4. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Да и јас се израдував се додека не видов дека LaSoy Aromatherapy Shop,всушност пошетно и легитимно не ограбуваат.
    [​IMG]
    Конкретно,истово ова масло летоска од Бугарија го купив 5 лева или 150 денари( :!: и тоа од туристичко место каде по некоја логика е поскапо),а овде го продаваат 490 аргановото,од истата фирма и истата грамажа.Разбирам одат на заработка,ама 300 %,еееее богами многу е.За инает не купувам,ќе најдам друго арганово,ама не им ги давам парите нив.Не ми се најдени на улица,ако не пак. :devil:
     
    На angelina1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Esperanza

    Esperanza Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    23
    Јас овој стимулаторот за коса што е, некаде околу 120 денари го купувам, овде гледам цените за машала им се стварно ама тоа е тоа, поефтино арганово од ова кај нас немам видено. Секогаш постои опцијата нели пак да си порачуваме од Бугарија :rofl:
     
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    8.576
    Пол:
    Женски
    Морам да го потврдам ова. Го купив чичковото, видов пост од сесилија дека е задоволна па ајде и јас го земав.

    Не мириса на природно масло, мислам парфимирано е, ама па нема ни таква густина како масло. Освен тоа многу тешко се измива, морам 4-5 пати да ја шампонирам косата. :|
    Кога ги користев оние македонските галафарм и од таа другата фирма не ми текнува во моментов околу 70-80 денари беа, верувајте дека цела година ја немав скратено косата и кога отидов кај фризерката мислеше ја лажам :D Не и се веруваше како може коса која е пеглана и виткана постојано во тек на една година да биде така сјајна и здрава без да биде шишана ниту еднаш. Плус тоа само со едно две шампонирања и се вадеше одма, а не како ова никаквово од Бонес.

    А еве сега нема 4 месеци како што сум шишана, а косата ми е веќе расцветана, воопшто не ја храни косата ова чичковово. Мислам дека и останатаите се такви, како и да е немам намера да ги пробувам.

    Значи бесплатно да ви го даваат не го земајте :!:
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  7. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Јас си ставам на косата од Арга чисто цедено масло и косата ми ја прави свила навистина сум задоволна.
    Од 10мл е 400 денари од 50мл е 1300 денари и од 100мл е 1800денари , малку е поскапо ама навистина е супер.
    Еве ова:
    [​IMG]
     
    На renata77 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    А рицинусовото масло има пријатен мирис или не и колку пари е?

    Јас користев чичково масло од галафарм 70ден, имаше пријатна миризба, ама многу тешко се миеше, барем 3 шампорнирања мораше да правам.
     
  9. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    ^^Каде го има ова масло? Од каде го купуваш?
     
  10. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Рицинусовото масло е похранливо за косата.
    А поентата на маслата за коса е всушност да ја остават масна и немало потреба од толку шампонирања. Се додека не ја нанесуваш на коренот. Исто како што и кристалните масла се нанесуваат на мокра коса и не се измиваат.
     
  11. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Добро па која е поентата на маслото тогаш? :| Океј ако ставам само по косата ке биде мека и мазна, ама за потхранување и поттик за раст на нови влакна тогаш нели треба на скалпот да се става?
    Јас цело време си ставав и на скалпот.
     
  12. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Во зависност од маслото. Не секое е добро за скалпот. И се става во многу мали количини и не често бидејќи можеш да ја направиш косата зависна и/или да си направиш проблем.
     
  13. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Мароканското аргоново масло од Авон ја расплетка дури и мојата тешка, густа и секогаш заплеткана коса!!!! Ја направи мека и мазна, нешто што со другите масла што сум ги користела не сум го постигнала никогаш. :)

    [​IMG]
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Најдоброто масло некогаш за сите типови коса е маслиновото масло. :up:
    Со право се нарекува дека е масло број еден.

    Јас ставам по многу малку на дланката (зошто е многу мрсно, потешко, и потешко се измива), и ги тријам дланките, па го нанесувам. Косата свети, но не е маслосана. И обавезно правам масажа на кожата на главата.
    Вака ја оставам некогаш преку ноќ (доколку условите ми овозможуваат), а понекогаш по половина час.
    После тоа косата побрзо се мрси, но е значително поздрава. :)
     
  15. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Добро сега, тоа што го има ставено Camellie нели се капки за коса со аргоново масло а не обично масло за коса?
    Маслото се става на целата коса, или кој како сака, може само на скалпот може само по косата, додека капките се ставаат само на врвовите, барем јас така ги разликувам. Или грешка сум? :?: Ај некој нека ми објасни.

    Јас сум во план да си земам рицинусово масло од галафарм и да ставам на целата коса па и на скалпот, барем пола година.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.018
    Допаѓања:
    81.359
    Пол:
    Женски
    Така е Маркуса, па и јас така практикувам со маслата - користам чичково масло и нанесувам малку на скалпот (најуспешно ми се чисти првутот со маслово), по целата должина на косата и највеќе на врвовите за да изгледаат поздраво.
    Тоа од Авон се капки со мороканско/марокансо, какво и да е маслово и мислам дека се става само на врвовите или онака низ косата по миење, додека е уште мокра. :)
     
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Јас го имам рицинусовото масло на галафарм, и ретко ми текнува да го користам, сепак ми е страв да не ми се измие фарбата, т.е. да не ми излезе повеќе боја при измивањето. Инаку тоа е убаво и за трепките, на веѓите, а се користи за побрз раст на коса, фактички нови влакна растат со него.
     
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    8.576
    Пол:
    Женски
    А ние што го загреваме и го ставаме како третман на косата? Како да не го измивам? Да се шетам со мрсна коса? :^)

    Освен ако ти ставаш ептен малку две капки и поминуваш низ цела коса ама јас така само силиконски капки користам, маслата ги ставам на цела коса и скалпот и тоа во доста голема количина не само две три капки. :!:

    Инаку кое масло не е препорачливо да се става на скалпот? Јас од сите ставам, какво имам такво, не верувам дека има некој негативен ефект :)
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  19. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    ^ Па ако не сакаш да ти е мрсна косата зошто си ставала масло кога знаеш дека ќе го добиеш тој ефект? Општо е познато дека маслото ја мрси косата (и се друго). Со шампонирањето од неколку пати го губи секој ефект. Подобро измиј ја како што нормално ја миеш косата. Ако ја шампонираш повеќе пати, залудно си ставила масло.
    И можеби ме сфати погрешно, мислев на тоа дека кристалните масла не се измиваат и од таму и овие не треба целосно да се измиваат.

    Масло се става во многу мали количини и не е препорачливо за честа употреба. Колку што е помага, толку и одмага со неправилно користење.
    Стави многу но еднаш во 2 недели или месец. Вака залудно го ставаш кога со шампонирањата го губиш целиот ефект.
     
  20. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Немој да го загреваш маслото пред да го ставиш на косата во никој случај,си ја пржиш косата само така. Премногу ја оштетува не само косата,туку ако допре и до кожата на главата.