Не е залудно, ако претходно го држите маслото на коса неколку часа. Дали ќе се стави на скалпот или низ коса, на врвовите - зависи од тоа каков ефект сакате. Не велам дека е грешка да се става масло низ косата по миењето, ама сепак тоа би било во многу мала количина - како што ставате силиконски капки и ќе разнесете по должината на косата и на врвовите. Ефектот е тотално ист како да сте ставиле силиконски капки, а сигурна сум дека е и подобро за самата коса. Оние кои имаат проблем со првут, како мене, убаво е да ставаат масло на самиот скалп и да го држат 1-2 саати, по можност и повеќе. Јас ставам чичково (му пишува на кутивчето дека помага при отстранување на првутот) и резултати има веднаш по миењето - чист скалп, не ми се прават лушпички и косата е ептен миризлива. Ако сакате сјај на целата коса, го нанесувате низ целата коса. Ако имате суви врвови, ги потопувате врвовите и оставате да стојат со масло одредено време. Купете си рицинусово ако сакате побрз раст на косата, бадемово или ореово ако имате темна боја и чичково ако имате светла боја на коса. Јас не ви препорачувам да го загревате маслото, самата помисла на тоа ме асоцира на нешто неубаво. Мислам дека најубаво е да се става обично, без загревања/ладења, ами онакво какво што си е на собна температура.
Waka-waka не го загревам до тој степен да ја смени текстурата самото масло или да ми ја спржи косата Обично го ставам во чаша со топла вода, и го оставам маслото да отстои некое време, па така млако го нанесувам. Некогаш па ја мотам косата со најлонска фолија и ја загревам со фен. Сум пробала и на собна температура да го ставам ама вака млако има подобар ефект OmniaVanitas ке се сложам со Мишела, има ефект и тоа како, бидејќи го оставам долго време да отстои за да се апсорбира, и вака имам подобар ефект во споредба со тоа ако нанесам само две капки. Во толку мала количина нанесувам само силиконски капки, масло не ама секој со свој памет. Мене вака ми е добро вака ке си терам. И како така бе зашто го ставам ако ми ја мрси косата? Па потенцирав дека тоа од Бонес многу тешко се мие и ми ја остава мрсна косата, инаку со овие македонските немам никаков проблем. Ама кога веќе го имам, ке го ставам наместо силиконски капки, ионака парфимирано е па убаво мириса. Ама за третмани ке се вратам на тие македонските. Инаку те прашав ама не ми одговори, кое масло не се става на скалпот? Бидејќи јас какво имам такво ставам, маслиново рицинусово чичково највеќе.
Ставам рицинусово масло ама само на коренот,го ставам навечер,оставам да отстои цела вечер и наредниот ден се бањам
Почнав да ставам чичково масло и до сега имам само еднаш ставено и сум изненадена од ефектот.Косата ми е ептен мека.Не ставив на коренот,затоа што ми е страв да не почне многу да ми се мрси косата,али затоа врвовите ми се ептен меки,како да сум ја шишала косата.
Не се согласувам дека со шампонирањето се губи ефектот, затоа што се држи подолго време, јас на пример цела вечер го држам и сабајлето ја мијам косата, и баш сум приметила дека на крајот маслото како да се впива во косата, незнам како да објаснам но не е толку мрсна како кога сум го нанела, што значи дека влакното си ги земало потребните состојки, тоа веќе делувало, и со шампонирањето само го отстрануваме остатокот. Во мала количина се нанесуваат силиконски капки, маслото се нанесува на цела коса, впрочем тоа и му е намената, со две три капки што.. на рака ќе ми останат.
Погрешно ме сфати. Сакав да кажам дека го знаеш ефектот од маслото (од таму и делот „зошто би го ставила кога знаеш дека ќе биде мрсно“). А можеби и јас погрешно сум те сфатила сега откако од ново препрочитав Никое не пречи се додека се става во умерени количини и на одредено време. Рицинусот помага за обновување на влакното и од него се прават многу препарати (најчесто регенератори, потоа маски и шампони) наменети за нега на косата. Оттука претпоставувам дека е подобро за косата. Се фативте за тие три капки.... Jaс никаде не споменав дека треба да биде ограничено на три капки туку тоа го кажа simoncelicius . Мислев само да се намали неговата употреба. Да не се повторувам и бидам досадна, мислам на поретка употреба или доколку тоа не го сакате како опција, барем количината да се намали. Си создава зависност се' и она што не е умерено може повеќе да наштети. Ако го шампонираш повеќе пати, со тоа и го измиваш маслото од влакното. Што мислиш, ако е впиено во него дека и не може да се измие? Влакното по напуштањето на кожата станува целина од мртви ќелии и од него треба да се одмива прекумерниот слој но не и да се доведе до степен да се исуши од шампонирање. Впрочем и шампоните се тие кои го сушат влакното, не само топлината од апаратите за средување на косата. Со ова си кажува дека особено треба да се одржува скалпот но и да не се претерува. Тоа беше она што сакав да го кажам и претходно
Ме интересира, додека го држите маслото повеќе часа, или преку ноќ го оставате, ако сте фарбани, дали ќе излезе повеќе боја, кога ќе го измиете т.е. дали маслото ќе и наштети на бојата на косата?
Јас не користам толку често масла за коса. Едноставно ме мрази да ги ставам. Еднаш во 2 месеци или во еден хаххаа. А кога ќе ставам ја омекнува косата и лесно се мие со шампон. Мене ми одговара Бадемово ми го чисти првутот. Кога ќе приметам првут дека имам повеќе некогаш повеќе ми се појавува ставам масло.
Kо демек и ние имаме Космо во Прилеп,ооооооооо!Бев денеска и се чудат,како од Марс да се паднати. И после не сме биле провинција,аха да,секако!Абе блазе си ви таму во тоа Скопјето. ,не туку се жалете ова она.....не знаете каков е живот провинциски.
Мене ми е фарбана косата и не сум имала проблеми со бојата.Инаку ако можеш најубаво е да го оставиш маслото преку цела ноќ,така ќе има поголем ефект.
Веќе две години редовно си го користам рицинусовото масло на галафарм и сум мнооогу задоволна значи ептен косата ми зајакна значително повеќе отколку што ми беше пред тоа и плус почна побрзо да ми расте....прво не верував дека ќе има таков ефект го купив по препорака ама бев упорна и после неколку месеци употреба забележав ефекти и ќе си продолжам да си го користам....супер е го препорачувам
И во темата "Омилени продукти на месецот" го препорачав, но еве и овде. Ореово масло ов Галафарм. Го користам еднаш неделно, се става 1 саат пред миење на косата да постои тоа време, па после ја миете со шампон. Убав сјај и дава на косата, и плус некако ја прави мазна после 1/2 пати на употреба.
прочитав дека повеќето од вас употребуваат бадемово масло,па еве ви ја техниката на неговото добивање,лесно и едноставно. -бадемите се толчат -се блендираат -се посипуваат со вода и се зовриваат -ги посипуваш и додаваш некое масло (најчесто сончогледово)
Gi imam koristeno i cickovoto i oreovoto, sega najnovo si zemav maslinovo. I voopshto ne se slozuvam deka cickovoto ne ja hrani kosata, kaj mene imalo vrvni rezultati od nego i oreovoto mn malku cvet imam koj voopshto ne se ni zabeleziva. Megutoa za mene fenot, peglata i figaroto se izmislena imenka! Normalno ako ti postojano ja gorish kosata posle skoe mienje nema da ima nikakov rezultat!
бадемово масло, ефтино е околу 70ден. го има во аптеките и во овие маркетите поголем, се става на врвот само зошто многу ја мрси косата , после капење и мене ми е супер досега не е расцетана нема метил и помека е косата
Јас ставам бадемово масло, најчесто пред да се фарбам, и тоа на цела коса. Не прави проблем при фарбање, бојата си фаќа нормално, а потоа косата ми е како свила. Некогаш, пред бањање, го нанесувам на врвовите, оставам да седи едно 4-5 часа, па потоа ја мијам косата. Ги остава врвовите меки, како да сум тазе шишана, без расцветани врвови, без ништо Друго масло (освен еднаш маслиново) немам пробано, бадемово ми е одлично. И да напоменам, мене воопшто не ми дејствува на бојата на косата, во смисла да ми ја затемнува (имам плава коса, многу плава ) Е сега, татко ми купил некое кокосово масло во тегличка, кое што се користи и за готвење, може да се става на коса, буквално има безброј намени. Сакам да го пробам, ама си реков прво тука да прашам дали некој има користено кокосово масло и дали може да се нанесува на цела коса, или подобро е само на врвовите? Со други зборови, дали се користи исто како бадемовото и останатите масла? Инаку, маслото е тврдо, како што кажав во тегличка е, меѓутоа кога ќе дојде во контакт со прстите, се растопува. Прекрасно мириса (на кокос ), па сакам да го пробам на косава
Мојата фризерка ми кажа дека кокосовото е дефинитивно најдобро за коса (тоа во тегла би требало да е мн подобро од Гала фарм,Бонес и слично),и требало да се употребува еднаш месечно за да не се мрси косата иако мене тоа ми е малку и мислам дека може еднаш неделно